бајат прид.

бајат (прид.)

Пред тоа пиеле од негова матарка вино со боја на месо и се мезеле со бајати пршки што ги зеле од некој орач за стар железничарски часовник со избришани бројки и без една стрелка но со живо срце под металниот оклоп.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се проѕеваат и ко бајат леб си го гмечат лицето.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Аромата на тутунот го неутрализираше карактеристичниот бајат мирис на кокошарникот, што се граничеше со неговата работилница и ја имаше истата шталска црвена боја.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
- Па пропржи урда со дробени перки од кромитчето.  - Ама лебот е бајат.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Децата, не постари од вас самите, мораа да работат по дванаесет часови дневно за безмилосните газди, кои ги камшикуваа ако работеа премногу бавно и ги хранеа само со бајати корки од леб и со вода.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Враќањето во споменот кога малку повеќе се зближи со Бојана, го прекина Димитар со некој бајат виц и вештачкото смеење на Александра и Бојана.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
„Обични крофни, без шеќер. Си помислив дека некому му збоктисале и ги донел. Затоа грабнав една и ја изедов. Беше бајата.“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ќе дојдеше одненадеж, како диво ветре, ќе дувнеше да ми соопшти оти во Домот за старци во Катланово директорот краде, дека во Негорска Бања ги трујат гостите со бајата, расипана храна, дека на министерот едикојси му ја запалил фотелјата заради нечесност, дека ја продава бараката во која живее, дека покојната сопруга Кона поначесто му доаѓа на сон и дека го вика, го кани кај неа и дека уште не е подготвен да оди, да си оди, зашто уште не му е времето и слично.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Краток фустан или расцепена капа, бајат леб, брод на тркалца, сѐ на авијација, тоа е едно те исто!
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Све над 20 е веќе бајато. - Над 20 се више тешки ороспии. - Тоа до 20 шо ќе го фатам, тоа е сигурно.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)