бебе ср.
бебешки прид.

бебе (ср.)

Обично глобалните системи на моќ ги интегрираат бебињата со неочекувана грижа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Потоа таа влегува во зоолошката градина држејќи го своето безимено бебе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Тој имаше оставено в село млада невеста и бебенце.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Лесно се стрча по втората тура, а моите деца му се сипаа на бебето и го заиграа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Само што дојдоа, девојките оттрчаа во градината да се видат со сестра им Пандора која беше веќе таму со мажот и бебенцето од една и пол годинка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Бремена жена која во себе го носи вирусот ХИВ може да го пренесе на своето бебе.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Затоа што во Facebook профилот имав милениче, бебе змејче и таква претстава имав за него.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Дедото дремеше, а бебето мавташе со рачињата за да му ги ишка мувите пред носот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Во некои од овие улици жените не смеат да ги остават бебињата ни две минути сами.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Само ако се спомнеше бебето, очите му се заматуваа со замаглен премаз, а на измачениот лик му се отсликуваше некоја длабока тага.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Околу пладне, штом ќе е готова летната манџа, и штом ќе се курдиса сонцето како што треба, младите охридски мајки (што не значи дека во Охрид нема од стара мајка деца) ги дотеруваат бебулињата, ги сместуваат удобно во количките кои задолжително имаат чадорче или нешто друго за да им држи сенка, па полека тргнуваат кон езерото.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Таа можеше подолго време да ја поднесе неговата молчаливост без да се почувствуваат напнати и потиштени, но сепак се чинеше дека тие го изменија своето однесување со некаков вид застрашувачки предзнак, еден вид на очекување дека нивната љубов, нивниот брак и бебето, кое беше на пат, не само што нема да се исполнат, туку дека тоа е само подготовка или вовед за нешто многу покобно.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Дозволете ни да ви го резнеме стомакот, па потоа ќе го разбудиме бебето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ова е бебе на спазми, со искривено лице кое си ја менува бојата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Од мигот кога го земаа бебето животот на овие луѓе доби сосема друг тек.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Утредента сите нѐ собра во одајата, го тргна покривот од лелајката за да го видиме бепчето, а потоа нѐ спотера по селото да ја рашириме веста, да кажеме дека ни се роди братче.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Има и такви кои сакаат да цицнат од левата брадавица, ама срам им е пред толку свет да глумат бебиња.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Читањето и пишувањето ќе бидат толку заостанати како јазикот на бебињата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Бебињата се даваа под тезга како да беа стока за продавање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Бебињата немаат време за чекање.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Повеќе