бездушен прид.

бездушен (прид.)

Ставен под опсада на бездушни крадци пијавици гладни и човекојадци мојата душа е ставена на мета во светот будалест неуморно прета Мојата душа претрпе стрес неправди безброј, понижувања, бес гази ја , ништи ја за сѐ што е крива еве ја тука повторно е жива Во душата моја се сееше чемер бескрајни лаги од секој лицемер мојата душа се навикна да трпи гази ја, ништи ја повторно се крпи Душата моја е жива и спортска трча на долга стаза маратонска неуморно скока на животна пречка гази ја, ништи ја ќе остане вечна
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
Поглед кон светот бездушен и лебот на маса насушен во градот со смог задушен видов пилиштар напушен
„Проклетници“ од Горан Јанкуловски (2012)
И птиците не се делат од своето јато Кога газиш, погледни , ќе се осакатиш од тло со трње животот е полн со веројатности Остануваш, ко изгубено кутре сред густа шума Лавови бездушни ќе те распарчат и нема да пуштеш ни солза...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Јас и судбината, танчерка бездушна, со палци мирот во мене го откопува...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Преспредметно суштество ја гази бездушната земја а долу под неа јадот плаче, само јас не можам да плачам...
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По ѓаволите, па овде навистина останале само капки. Како си можел така бездушно да го отпразниш?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Нашата тврдоглавост сѐ повеќе се оклопуваше со бездушност.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Уште е отворено прашањето дали ветрот има сенка и до кога ќе трае пирот на ветрогоните и бездушното гмечење на плодовите на сите муренки во светот. на кората на стеблото на белата муренка е втиснато ракувањето со иднината: бело пиле со црвено перче од највисоката гранка на белата муренка севезден пее за мугра ведра на исла негра.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Секогаш далеку од бездушните кафеани и од малодушните девојки. Од одговорноста и работливоста. Од сезнајните и од нивните следбеници, од пократкиот пат и од вистинското решение.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ко гробар бездушен ќе го проголта минатото...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Но немаше сила повеќе, Исус ја спаси два пати третиот пат нѐ стигна злобното око на кнезот Тарасиј, престигна Качен на коњ високо со остра сабја во раце замавна силно бездушно, главата летна високо црвен дожд лицата им ги попрска на луѓето тоа што го видоа писнаа силно до небо...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
И наместо одаја брачна, ох! — јамата тесна бездушно тебе те чека!
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
Ќе имав можност да викам, да плачам, дури и да се навредам, да им префрлам дека се бездушни, дека тепаат дете, дека тоа не е педагошки...
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не, не сум толку бездушен.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Баш е себичен! И бездушен!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Уште и ми предлага да му кажам на Извршниот одбор на Катедрата за англиски јазик, за да има рамнотежа, да стави во програмата друг предмет со назив „Како да се биде бездушен конзервативец“.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
И во тесната прозоречка рамка се згустуваат зли, презриво горди, полни со бездушна иронија очи: „Ха, тоа си ти, херој!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Па му пливна крв червена низ зелена трава, спростре сја на чрна земја снага му бездушна.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Бездушно заигра црниот оган по стеблата, по гранките, го зафати покривот од сите страни и како се скаменија децата од ужасот така се чу она темно, она грозно крцкање на гредите како коски човечки да се кршат.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тој е лош и бездушен. Многу ми е жал за Ленка и Марика.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Повеќе