безизлезен прид.

безизлезен (прид.)

Тоа волкот просто ја имаше во својата уста неговата крв и трепереше од нејзиниот вкус, а во тоа имаше и една таква безизлезност, што тој не беше во состојба да не се подигне од петици, речиси маѓепсан од едно такво ужасно навестување на една ваква чиниш од самото дно на пеколот извадена и зачекорена и наеднаш толку необорива вистина.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сликата на безизлезниот лавиринт во кој исчезнува козарот со козите е јасен амблем на жестоката судбина на земјата под владеењето на интегризмот на сталинистичкиот комунизам.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тоа беше безизлен сокак на безизлезни граѓани.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Преовладува сликата на стапицата во облик на безизлезен лавиринт, во кој нараторот постепено се губи придружувајќи се на црната судбина на Чанга од романот Времето на козите.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Трчав сѐ до безизлезната улица со чувство дека сувиот призрак ме гони.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Беше свесна за безизлезноста на ситуацијата. Работите сосем се изменија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во минути на смирување, кога спокојното размислување го потиснуваше трагичното чувство на безизлезност, Арсо се враќаше кон напрежните свои убедувања дека вистинската смисла на човечкото живеење е во непрекинливата акција, во непреодливата волја на човекот да дејствува.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Ги удрија главите ничкум и се зажалаа од безизлезната положба. – Ех, било таксират, ќе се умира, деца! – за првпат му се испушти од грлото на поп Јакова кој стана и почна нервозно да шета.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Безизлезноста на трговецот со злато. Еразмо беше работлив човек, трговец со злато, и тоа го разбираше како мера за нивото на човековата среќа.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Танцот беше толку убав, толку понеслив, неповратлив, толку пијан и безизлезлив од срцата на тие што танцуваа, што никому не би му удрила в глава помислата да рече – стоп!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Генералстап многу повеќе страдаше од чаршијата отколку од децата на безизлезната улица.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Улицата, сива и безизлезна, беше оттргната од својата секидневна зачмаеност.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Полна луна на полноќ: тукушто откриен ќуп мед во внатрешната одаја на Пирамидата: вртење во круг безизлезно враќање јанѕа ... мирис на маточина, мрмор на планински поток, кошариња пчели, тивки дење, потивки ноќе и - збунувачки спокојна бесконечност ...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Безизлезност, мислеше. Ќе појдам и ќе му признаам сѐ.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Та можеби затоа безизлезно влета во виорот без да размислува за последиците.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ја поминавме безизлезната улица и се упативме кон широчината. Кај багремите стоеше Пенчо.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И сѐ ѝ изгледаше толку безизлезно. Безнадежно. Ѝ се чинеше дека излудува.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Потем, како и пред тоа што течело, потече кон своето безизлезно дно - и звук, и движење, и сѐ што беше живот, надеж, искушение.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Повеќе