бидејќи (сврз.)
Ова нема цена, ама бидејќи не може да се пренесе во Европа, таа мора да нѐ земе со просторот заедно.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Бидејќи бевме канети за кумови, имавме почесно место на масата.
„Три жени во три слики“
од Ленче Милошевска
(2000)
Бидејќи живее во плитки води плашицата лесно се лови. Ја ловат рибари со мрежи, деца со ќепчиња.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Еден ден, бидејќи е врело лето, водата може да секне. Но, па што?.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
А бидејќи таквото обезбедување никојпат не е сигурно, без да се ангажира една од големите држави или неколку од нив со оружје в рака да го поткрепат тоа обезбедување, тогаш од Бугарија не можеше да се очекува замешување во македонските работи.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Оваа шанса за работа за неа беше повеќе како забава, бидејќи многу го сакаше модниот занает и светот на кој тој занает припаѓаше: боите, новите форми на моделите, текстурите на штофовите, деталите на чевлите, накитот, украсите во косата, движењата на манекените, атмосфера на припремата, изненадувањата кои се случуваа на секоја ревија, динамиката на работата која во себе носи големи тензии но со тоа и нови плодови на креацијата.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
И така, бидејќи ми беше крајно здодеано да го започнувам секој ден на истиот начин, доручкувајќи во исто време, во истото опкружување (кое не можев да го променам, па решив барем она што можам, да го променам, да видам што понатаму ќе се случува и дали ќе предизвикам некоја временска дупка во хронолошкиот распоред на настаните), започнав со експериментот.
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
13. Веројатно се мисли на Промеморијата на Русија и Австро-Унгарија од 15.9.1903 год. што била испратена не само до потписничките на Берлинскиот договор, туку и до турската и до бугарската влада, бидејќи последниве всушност го спречувале исполнувањето на Февруарските реформи, па дури се обвинувале дека придонесле за кревањето на Востанието во Македонија.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Рок музиката во овој контекст може да се сфати како синтетичка естетска форма на нови искуства, бидејќи ѝ претходи психоделична промена на свеста во која личноста привремено ја напушта конвенционалната свест и патува во себе, низ просторите на несвесното.
„МАРГИНА бр. 8-9“
(1994)
- Туку, - рече тој, - сакав да ве прашам од кое село преку планинава сте, ама бидејќи ни вие не ме прашавте подобро да се разделиме како да не сме се виделе. - Подобро, - рече Шишман.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
На крајот на масата, каде беше седнат татко ми, бидејќи тоа беше неговото востановено и неприкосновено место за седење, како некој да му го врачил по заслуга (се прашувам само кој ли ќе биде неговиот престолонаследник, бидејќи јас немав таква амбиција, а мојот брат по ниедна основа не го заслужуваше тоа).
„Вител во Витлеем“
од Марта Маркоска
(2010)
- Знаеме, бидејќи почуствувавме како ги испушти јажињата од раце, а за нас елените – влечачи тоа значи дека сме слободни, дека можеме да си поиграме.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
По сѐ изгледа стануваше збор за црвец бидејќи старецот рече дека му се гади од суштества без опаш и без глава.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
А бидејќи не се заинтересира кого во играта го промовирав за татко сфатив дека за неа играва не претставува ништо посебно.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
По сѐ изгледаше дека од нашата куќа сите излегоа живи и здрави, бидејќи таа не падна уште на првиот потрес.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Значењето на изработката на формалните работни модели не е во модерноста на изумот бидејќи веќе од третиот милениум пред новата ера постојат глинени таблици врз кои се впишани знаци што ги препознаваме како модели за канализациски работи.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)
Таа се израдува кога ме виде мене, бидејќи знаеше дека многу се дружам со Марина. Нѐ почести чоколадни бонбони.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Против ова решение може да се поднесе жалба до Владата на РМ, а, пак, против нејзиното решение може да се заведе управен спор пред Управниот суд; • петтиот нов член се однесува на подоцнежната постапка на преиспитување на репрезентативноста, бидејќи таа се определува само за временски период од три години, од денот на донесувањето на решението.
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
Се зачудив, бидејќи бев сигурна дека не можеше да ме види зад пердето и влегов во другата соба.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Всушност и сега можам да потврдам дека однапред не постоела одредена цел бидејќи не постоел план.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)