бирократски (прид.)
Од синови, снаи до зетовци, внуци бирократски лебарки се котат ко глувци за професионалци нема тука место швалерките стручни се во министерство
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Самиот предмет беа го одобриле преку вообичаените канали и според вообичаените бирократски постапки.
„Како да се биде геј“
од Дејвид Халперин
(2019)
Во спомнатиот Културен преглед што ти го имаш подготвено присутни се дури и такви размислувања како она дека прозаичното и бирократско секидневие може да повлијае дури и некогашните борци за слобода да се преобратат во обични убијци.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Патем беа жртви на бирократската тортура која требаше да одлучи дали се подобни за посвојување.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Хегел е роден во Штутгарт на 27 август 1770, во пруско бирократско семејство, и го започнал школувањето како и секој чиновнички син што се подготвува за бирократска кариера.
„Значењето на Хегеловата филозофија“
од Кочо Рацин
(1939)
Од една страна, тој период наивно се глорифицира и митологизира, додека од друга страна со бирократска педантерија се набројуваат злоупотребите, компромисите и неуспесите од тоа време со цел да нѐ потсетат дека таа величествена заблуда не смее да се повтори.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Константин З заработуваше добро, воедно бележејќи и солиден раст по стрмната хиерархија на мемлосаната, веќе пристарена администрација во неговото министерство, навивајќи со сета сила за оние министри- президенти што на најистакнатото место во владиниот кабинет се менуваа, понекогаш со вртоглаво темпо, и коишто во помладите како него гледаа нова енергија погодна за какво-такво освежување во стариот бирократски поредок на државата воопшто и посебно на неговото министерство.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Тој имаше силна внатрешна моќ, широка и добра душа, но кревко срце кое лесно доаѓаше во судир со спротивставените властољубиви, кариеристички, бирократски сили.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Понатаму патот водеше кон прифатилишта каде што беа подложени на бирократските процедури на власта.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
„Знам, знам, горчлива е дури и помислата дека некој можеби се обидува да ни ја повреди самодовербата, и со своите бирократски постапки и да нѐ обескуражи!“
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Од овој, но и од редица други слични вакви случаи кадешто како тужена се јавува оваа државна фирма – гледаме дека е мошне симптоматично тоа што судот ги [од]враќа работниците кои го тужат АД „Охис“, изнаоѓајќи лажни бирократски оправдувања за наводна „непотполна документација“ која тие, во рок од осум дена, треба да ја докомплетираа и да му ја достават на судот – иако, од друга страна, раководството врши опструкција и одолговлекува со издавањето било какви документи и информации кој судот може, но не сака (!?), да ги прибави по службена должност [ex officio].
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
Во тие исчекорувања и застои на неговата бирократска кариера, помина повеќе од половината на неговиот работен век и четврт век од бракот со Лила, кога започна војната и кога кабинетот на Првиот министер го именува на високо место во Комесаријатот за еврејски прашања, а потоа и за делегат на тој комесаријат, деташиран во новите предели на новата мисија во Скопје.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Кога еднаш индивидуата ќе се воспостави себеси како религија, држава, корпорација, информациска мрежа и невролошки универзум, неопходно станува да се воспостават персоналните еквиваленти на одделите и бирократските операции што ги извршуваат овие задолженија. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 47
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)