божествен прид.
божество ср.

божествен (прид.)

Екстензијата на оваа состојба без доживувањето на Јас може да кулминира во единство или заедништво со божественото.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вкусот на темјанот може да биде исто толку брутален, како што може да биде божествен загризот на гнилата крушка.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Парадата на раскошната тоалета започна уште пред влезот на хотелот. Довчерашните девојчиња зрачеа со божествена убавина.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Црквата кај нас си ја загубила својата главна цел, па затоа македонската интелигенција и народот имаат полно право да ги употребат сите свои сили за да ја лишат црквата во Македонија од чисто националните цели и да ѝ ги вратат оние цели што ѝ ги заповедал нејзе нејзиниот Божествен Основач: да го проповеда евангелието на сите јазици, т.е. на сите народи и нивните јазици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Се обидувам да се загледам во природата во која борави некаков сеопшт и постојан разум, осенчен со божествена сила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Треба да се напомене дека човек од почеток пружа страшен отпор кон скрнавењето на овој божанствен напиток, но со тек на време попушта, за да после само 6 месеца не може да си го замисли животот без дневната доза од оваа сплачина. – Кафе ќорак...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Дај ми собитие што говори за лоши дела, и јас веднаш, под дланката ќе сетам темни букви, гласови темни, пискотници, студени слова од кои кожата се ежи; дај ми слово божествено и богоугодно, за големи подвизи што зборува, и јас веднаш под раката чувствувам гласови светли, букви топлокрвни, оган во писмото чувствувам, како кога љубениот на саканата писмо ѝ пишува.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Совршена е мојата интимности ранливост, барам божествена инспирација за создавање силни емоции и бесмртност.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Влегоа во црквата и игуменот задоволен што покажуваат интерес, почна да им ги покажува фреските; ликовите, сцените, композициите исликани од даровитата рака на вдахновениот мајстор Трпо зографот; извонредниот лик на Христос Седржател на параклисот со Божествената литургија во која учествуваат и ангели, носејќи свеќи, кадилници и рипиди; потоа фреската на Богородица која го држи малиот Христос в скут и ги шири рацете спасувајќи го небесното и земното царство; фреската на св.Козма Поет, старец со долга бела коса и брада, со свиток во раката воспевајќи ја мудроста на книгата, духот на творецот.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Кога уметникот е многу тажен, може да напише божествена песна која ќе биде хит во цел свет.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Попатно застануваа да закрепнат од сркот боженствена амброзија, бестелесно продолжувајќи го летот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Наспроти нашата сомнителна мрзливост и хистеричниот активизам? (277) Сосема се согласувам со Салиери кога се буни против Господ кој на човештвото му ја подарил божествената музика на Моцарт, со единствена цел да нѐ исмее и да нѐ нурне во очајание.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не ми е страв веќе, знам, нешто убаво да се случи треба, божественост нова.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Таа го зеде со усмевка - божествена усмевка.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Во градината се ширеше чудесната миризба на каранфилот, нарекуван од старите Грци божествен цвет, трендафили, бегонии со цветови во бели, црвени, жолти и портокалови бои, зумбули, цветови во сите бои.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Од сликите воскреснаа и маж и жена и сласт и ужас и бог и ѓавол, божествено и сатанско, злосторник и покорник.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Но, ве уверувам дека се работи за навистина божествен потфат, чест е да се учествува во него.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Што друго да се очекува од суперсоничната постава на српските писатели, предводена од, божествениот новинар и писател; литературен деец и теоретичар; директор и уредник; сануовец и пеновец; добитник на Априлската награда на Сараево и Октомвриската награда на Белград, со еден збор, растерувач на мракот и пријател на мирот.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На тој начин, дишењето станува носител на бесмртното и божествено во човекот.”
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Повеќе