бракоразводен (прид.)
Живееше од бранење на ситни и крупни криминалци, бракоразводни парници, фирми кои што се колеа по судови околу своите или туѓи пари.
„Браќата на Александар“
од Константин Петровски
(2013)
По неколку дена, Хелвиг ѝ кажа на Марша дека ополномоштил адвокат да поведе бракоразводна постапка.
„Омраза - длабоко“
од Драгица Најческа
(1998)
Еден некогашен адвокат, кого клиентите почнале да го одбегнуваат заради неговата зависност, сега активен блогер под никот "Оmerta", донесе прекрасни извици, собрани по судските сали и ходници, на парови во бракоразводни парници и на корумпирани, ситни шалтерски работници, во моментот кога ги изнесуваат од полициското комбе и со врзани раце ги внесуваат во судот, снимани од локалните телевизии.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)