братски прид.

братски (прид.)

Албанија и Македонија (во составот на Југославија) само две години живееја во „братска идила” без граници.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Таа дружба треба да пушти длабоки корени помеѓу двата братски народа за да им даде можност рака за рака да одат по тешкиот пат на културниот прогрес.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Среде тој бескраен спор помеѓу двата братски соседни народа македонското словенско население, заради кое тие се караат, малце по малце зрее во националното самосознание и сака да се ослободи од покровителството на соседните народи за да може само да си биде вршител на своите судбини.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Беше опцул нешто што не треба и повредил неколку братски републики.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сметаме дека ќе биде интересно за вашите читатели ако им ги соопштиме имињата на оние бугарски претставители кои по 450 години на 15 март 1871 г. се собраа во престолнината на некогашната византиска слава и величие за братски да се посоветуваат како да си ја уредат својата црква на која до пред десетина години ѝ се закануваше опасност да стане плен на фанариотите; таа и денес од нив страда насекаде во несреќна Македонија.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тогаш Младотурците рекоа дека слобода носат за секого, комитите нека си се вратат по дома: да живееме сите братски и во слога.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Камо ви го оружјето од братска Бугарија?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Нашите научници и прославени стручњаци, со помош на експертите од братските социјалистички земји, согледаа дека во овие води се кријат милијарди киловат-часови електрична енергија.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Од арамиите се спасил само еден. Отишол во некој манастир и, за спас на душата, братски му оставил на игуменот торба злато, да го топат и да леат олтарски двери на кој ќе може да се види историјата на светот...
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Шуми, шуми, родно знаме, биди вечен цвет и пламен, биди жар и братска љубов, биди зрак на живот убав.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Заедничката верба во еден братски Балкан, која за сите беше утопија, ги храбреше да истраат во насочување на нивниот идеализам за разбирање на homo balcanicus во сите времиња.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Марко Марикин прашуваше и секогаш сам одговараше, најмногу тогаш кога ќе предизвикаше љубопитност кај луѓето со кои се здружуваше и кон кои беше братски милослив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Ние сме повикани пред историјата да исправиме една голема неправда што му е сторена на нашиот маршал Сталин: зошто, како што ви е бездруго познато, сите, од до вчера братските комунистички партии, неправедно му свртија грб на Сталин и на неговото дело.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Светот е полн со убавини, светот е полн со сешто, па ајде да делиме братски, за сите да има по нешто!
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Ако куќа не направив со високи шимшир порти, куќа цел свет братски ми е братски срце што отвора, срце - порта највисока, срце - куќа најширока.
„Бели мугри“ од Кочо Рацин (1939)
Всушност, ни признаа дека сме жртви на грубото нарушување на братските односи меѓу Советскиот Сојуз и Југославија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дури свет светува, дури сонце грее ќе се слуша песна радост ќе се слива, Републико наша, наша братска стрео, да си вечно славна, да си вечно жива!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Бевме срдечно пречекани. На братската атмосфера не требаше многу да се чека.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Машини, плугој тој ќе ви даде, дајте му братски рака, нивата наша молитва нејќе а труд - работа сака!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тлееја Македонците и на грб нејак влечеа крвава двојна робија: едната како славјани, со јазик туѓ и негрчки, другата како аргати што сакат да прегледаат, да видат бел ден радосен, заедно со народите на Балкан братски здружен во една федерациа.
„Робии“ од Венко Марковски (1942)
Повеќе