бришач м.

бришач (м.)

Тргнавме а бришачите не можеа да го исчистат дури и снегот од шофершајбната.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Гледаше како бришачите на ветробранот ги туркаа капките од дождот настрана, го слушаше роморењето на покривот.
„Малиот дожд“ од Томас Пинчон
Кој може кога врне и бришачите одат лево-десно да даде лев трепкач, да сврти лево без да го допре тротоарот, од трета да врати во втора по пропис... и сѐ тоа ОДЕДНАШ... Ни таксист!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Две дебели лимузини, со гумите од едната страна по тротоарот пред сѐ уште ненаселените згради, а од друга страна по калта на идниот тревник – завртеа на десно и мешлесто тетеравејќи се, се изгубија во мракот и го оставија на чкрипавото цимолење на бришачите, сред пустата темнина на облакодерите без станари.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Радиото беше претивко за да се слуша, бришачите шушкаа од време на време како да се возевме, а прозорите беа замаглени како да водевме љубов.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Колку различни типови има во оваа професија, помисли, додека пред оголеното теме на таксистот (Гласот баритон / интелектуален лик / по сила – шофер) бришачите рамномерно се поклонуваа ту кон едната, ту кон другата страна на шофершајбната, како да ги подбутнуваа тромавите задници на побавните автомобили.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Штета што на телевизорот нема брисачи. А во Брно, брат, беше живот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Гледаше како бришачите на ветробранот ги туркаа капките од дождот настрана, го слушаше роморењето на покривот. По некое време заспа. 20 Margina #1 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)