булевар м.
булеварски прид.

булевар (м.)

Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Скржавото пролетно сонце уште не го распеало софиското зеленило, уште дрвјата не личат на мајски, цветовите пупат, преплашени од налудничавите априлски каприци на времето, цветните алеи по булеварите и парковите сега почнуваат да се шаренеат...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
По крајбрежјето се распростираат широки булевари, улици и плоштади кои, на височините на градот, се стеснуваат и се трансформираат во сокачиња.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
За Берлин се има престава дека е град кој треба да е многу голем, многу убав, со големи згради, со паркови и зеленило, со улици, авении, булевари, со сите оние атрибути што го чинат еден ваков град и голем и убав, и различен од многу други градови.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Зошто накај бензинската пумпа? Зошто не накај Јужниот булевар?
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
По булеварот Saint-Germain сликарот стар е секој ден.
„Слеј се со тишината“ од Ацо Шопов (1955)
Зошто не рече дека таа одела накај Јужниот булевар.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
И уште не ти исчезнале од душата печатите на непријатните студени дни, а веќе по улиците и булеварите божилак од женски облеки разградени, тенки, проѕирни, шушливи - милина!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Имаше чувство дека порано веќе бил во овој дел на градот и дека недалеку од тука поминува еден од главните булевари.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Однадвор веројатно допираше месечината, крем и зелена боја, и меките стогови на следните мириси: смирна, што дождот ја изнудил од дрвјата на булеварот; некои еротски видови бензин, кој придвижува одредени видови автомобили; сиот зеленчук од задишаното тло; наивната продорност на улицата; внатрешните мистерии на жените; и бесшумните пушкарања на стравот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Мажите, помладите, со паларии, вратоврски, бели кошули, бели панталони, со прстења и блескави часовници на рацете, жените со разнобојни фустани, со високи штикли, најмодерни фризури, како да се собрани од некој најмодерен градски булевар и доведени тука да бидат статисти во нечија режија, во нечиј филм.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Разбрав од моите познати дека овие гробишта се наоѓаат во парискиот реон Клиши, на еден од јазлите, каде што Париз се врзува со „Булеварот на перифериите“ а од каде што се одделуваат автострадите на сите правци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Јас во меѓувреме заминав, но слушам дека таа сѐ уште е таму, насекаде околу сивата зграда на булеварот „Партизански одреди“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Некаде наблизу треба да се вишнее вашингтонскиот обелиск, највисоката градба на американската метропола, симболот на моќта донесен и тука оддалеку, преку помпезниот дух на урбанистичките замисли на Л’Анфан, францускиот архитект и американски револуционер од 18 век, и на градителот на вашингтонскиот обелиск Роберт Милс што го подигнал во втората половина на 19 век – таа извишена тежишна точка на семоќта, пренесена од духот на најдревните градби на денес мртвите градови од фараонски Египет во Африка, преку Париз на ампирот, наполеонската грандиозност и помпезните аксиометриски поставени зданија до кои водат широките булевари.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Отворениот театар сега беше студен, далечен и безличен каков што беше сообраќајот на булеварот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тротоарот на широкиот булевар е влажен од попладневниот дожд.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Во непосредна близина, долу на патот, на нецели петнаесет минути пешачење, на Јужниот булевар и автопатот Еурека, се наоѓаше гипсено малтерисаната бензинска станица, со светликави црвени пумпи, каде што работеше нејзиниот братучед Боб.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Долу, липите испуштаат по некој лист и го обојуваат жолто булеварот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сѐ уште стои пред онаа продавница за леб на булеварот царица Екатерина.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Повеќе