бура (ж.)
Сведочењето во врска со ова зло, запишал монахот, кое долго трае и непречено поминува низ тесните сокаци на времето, има за цел не само да го загатне туку и да ни го предочи приближувањето на злото што многу потсетува на темен облак кој може да биде и предвесник на бура што може неочекувано насекаде да се случи.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Таа е на брегот, а бурата го носи кон неа.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Зад неа во земјанката влезе студенилото и вревата на снежната бура.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Сѐ би се одвивало добро во овие идилични рамки ако езерото, откако поминало толку милениуми без пречки, не се најдеше изложено на бурите на историјата на XX век.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Копнат и како бура пеат и како огин палат.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Пладне свиткано под старата козирка. Испотените соништа се спуштаат по акробатските скали кон светилникот снемоштен од стари бури.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Трагите и локвите крв ги покри снегот и бури од дождови ги испраа и ги однесоа во неврат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ревот на огромниот хор на бурата се јавува малку подоцна, и можев да си го замислам свиткувањето на гранките и офкањето на стеблата што ќе уследеше.
„Синот“
од Србо Ивановски
(2006)
Вее вејавица и завива ко бура, налудничаво се спушта прудолу и се крши од ѕидот на столетните борови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Мислиш некоја бура, некоја црна виулица се собира да се крене кон небото.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Луѓето почнаа да се дават и да пливаат, но тогаш голема бура се крена на морето и голем бран стана и нѐ понесе понатаму, кон брегот.
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Нејзиното одразување е како во огледало во бродска кабина за време на бура.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Бурите доаѓаат и одминуваат. Зарем така не било и со потопот?
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Со денови чека со рибарите бура, за да се намамат јагулите.
„Патот на јагулите“
од Луан Старова
(2000)
Прашувам – паметиш ли кога врз нас се истури снежна бура?
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Слепиот ѕид ја затвораше тесната улица - гол како крајбрежна студена карпа на која налетуваат слаби лотки, управувани од бури и виори.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Не можев да претпоставам дека бурата во кафеаната ја предизвикаа моите зборови.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
7 ПРЕВАЛИ БУРАТА отаде планините и ние се вративме во бараките.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
Од кај корчанското поле се зададоа црни облаци, секавици расекоа небо и донесоа бура која над нив се разлоши и разлуди.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Сјај во тревата гледаш, и цут на дрвја, небо сино плаво сакаш, вечерен ветер, бури што подготвува.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)