бучен прид.

бучен (прид.)

Бучниот усташки циркус и онака живее од идеолошката дотација на државната политика.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Светот е во него, во неговите мисли и чувствувања, полн и бучен што му ги запленил сите сетила и ги оттуѓил од тоа што е навистина стварно пред неговиот поглед.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нашите мудри мисли и гласна смеа се прелеваат преку балконските саксии, па преку тивките покриви се спуштаат до долгиот булевар Вилшир, фаќаат кривина кај палмите и продолжуваат надесно кон блискиот океан, каде што умираат во бучните води на намќорот Пацифик.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
И тие тогаш ќе се плиснеа во една игрива група, која секогаш беше нешто цело за себе, а која знаеше напросто да се изгуби низ тие бучни улици, да се расплине низ нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Таму неколку селани пиеја и расправаа. Зад преградата уште беше бучно.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Со првиот самрак долж Булеварот на самракот (како разиграни ноти по петолиние) се движат светлата на илјадници бучни возила, кои потоа се слеваат надолу кон Лонг Бич, неговите би-бап солитери и весели џез- клубови.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Или да удри со главата во ѕидот, да ја ритне масата, или да ја зафучи мастилницата преку прозорецот - да направи некоја насилна или бучна и болна работа, што ќе го помати сеќавањето што го измачуваше.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Се чини ко амор да беше со своето копје долета ко орел, ме згази тешко по рамениците тешката нога негова со неможна сила ме згрчи душата ми ја собере во клопче, над очите ми испушти темен превез. Таму каде што шумат боровите, таму каде шумолењето на птиците во моето тело буеја, застана тој скитник на мостот, од бучните црвени води, застана таму каде отчукнува, ѕвоното на мојот живот...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
На масите нашите луѓе се побучни и тоа е невообичаено за овдешните луѓе, кои гласот го повишуваат кога ќе голтнат повеќе пиво, или од она убаво чешко вино „Лудмила“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Момчето коешто старецот го задуши бучно и помпезно го покопаа.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Пиеја и пееја и така нашето купе стана многу бучно.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Дебелиот ремен просто отскокна, напнат, а после се вивна во едно бучно кружење, збирајќи ги по своето движење сите други делови.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
- Па, знаете соудруг Павел, вашите соседи се жалат дека кај вас е многу бучно и замолија да ви кажеме да бидете потивки... – не рекоа да престанам да примам гости со кои во соседството мислеа дека ширам некој вид неморал и дека тоа потпаѓа под закон, туку од околу, тивко и учтиво, како што личи на добро воспитани луѓе, нели.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Полека се одлепуваш од светот на француската кафетерија, од џуџестите мексикански келнерки и бучните разговори на европските уметници распослани по соседните маси во потрага по својот американски сон, од тропањето на виљушките, мирисот на подгреаниот рататуи- гулаш и ѕвонот на кеш- регистарот...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Професори главни просветители на младата нација. –продолжи таа –Ги подигаме, мораме да мислиме како: Психолошки правилно да ги насочиме, да го поднесуваме нивниот бучен темперамент и што ли уште не.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Но, секогаш кога трчајќи ненадејно ќе налетам на тивка уличка која како да не му припаѓа на бучниот град, ме обзема необјаснив страв.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Ритмот на дишењето, досега брз и бучен, полека се смируваше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
За разлика од самите соништа, фабриката во којашто тие се произведуваат не изгледа убаво... како впрочем и секоја друга фабрика: има тука разни маслосани машини, и бучни апарати, и големи зачадени оџаци, и смрдливи отпадни материјали, и привилегирани шефови на смени, и млади преамбициозни кадри, и необработени сировини, и стечајни работници, и ученици дојдени на пракса...
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Ако човек в самрак се прошета по празните, бучни, широки улици, него ќе го обземат спомени.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
10. Се фатив себеси како посегам кон управувачот. Всушност, замавнував кон бучната кутија.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Повеќе