варијација ж.

варијација (ж.)

Исто така по неа може да се проследи на која варијација или на кој дијалект во кое време имало поголема литература.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
По таа историја може да се проучи како сегашните варијации се добиени од постари и последниве од еден општ македонски јазик, а тој од една јужнословенска група итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Своја историја и варијации си има и нашиот јазик.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Затоа дијалектичкиот материјализам е единствена напредна филозофија на денешнината, додека сите варијации на идеализмот потем Хегел се само идеологија на општествените слоеви што пропаѓаат.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
На моменти нагласуваше дека инаетот, поточно неговите балкански семантички варијации тешко би можело рационално да се објаснат бидејќи тој произлегува од ирационална состојба на духот, тешко се поврзува со здравиот разум.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Промените во јазикот на еден народ во времето ја составуваат историјата на јазикот на тој народ, а промените негови во пространството ги составуваат неговите современи варијации или дијалекти, поддијалекти, говори, подговори итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Секој народен јазик си има своја историја и свои современи варијации или дијалекти, поддијалекти итн.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Враќањето од изгубениот рај на детството содржи една евидентна прустовска резонанца, само лесна варијација нѐ дели од Потрагата по изгубеното време: ако враќањето е опишано како невозможно, тогаш враќањето (од враќањето) нему му успева!
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Има многу варијации на начините на кои се конструира машката геј- култура, во поединечните геј- заедници што припаѓаат на различни национални или етнички култури во разните делови од светот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Опитот го издржаа само оние на кои музиката во сите нејзини појавни форми им е љубов, во сите нејзини варијанти и варијации, верзии и жанрови. Во недоумица, така, дојдоа сите.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Организирана хронолошки, изложбата почнува и завршува со варијации на растителни форми, мотив кон кој Бојс репетитивно се навраќал.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Младиот Бетовен му оддал почест на пријателството со Валдштајн така што зел една арија, што донекаде ја компонирал грофот, и врз неа искомпонирал дванаесет варијации за четири раце.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
На принцезата Лихновски ѝ го посветил опусот 157, варијации на тема „Види, херојот-победник доаѓа“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Опусот 1 на Бетовен е посветен на принцот, како и големата Патетична соната, и Втората симфонија, исто така опусот 179, составен од девет варијации, и големата Соната во Ас-дур.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Меѓу другите пријатели од овој период може да се спомене и принцот Лобковиц, кој бил жесток обожавател на Бетовен, принцот Кински, а исто така и грофот Браун, на чија сопруга Бетовен ѝ ја посветил збирката „Руски варијации“.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
Понекогаш тоа ќе било во форма на варијации на начинот како во Хорската фантазија, оп. 80, или последниот став на Хорската симфонија.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
...до следното наравоучение и натаму до секое ново грбите на езоповците гнијат во најдлабоките празнини нивните басни 'ртат во нечије друго детство во некоја друга носталгија... блуз за милиот ислужен светец или варијација на тема – теоријата на релативитетот во просветлените животописи почеток... C-дур
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Едни варијации на марш во це-мол ја содржат следнава забелешка: Компонирани од еден млад аматер Л в Б на возраст од десет години.
„Бетовен“ од Џорџ Александер Фишер (превод Јана Андреевска) (1905)
А ова ви е просто, обично и најчисто англиско писмо: елеганција нема каде понатаму, тука сѐ е убавина, бисер, перла; тоа е завршено, но еве, има и варијација и тоа, пак француска... истото англиско писмо, но црната линија е малку поцрна и подебела одошто во англиското, така е пропорцијата на светлината нарушена...“
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Цврсто вообличената филмска оркестрација проникната е со една богата барокна постапка со примери од европската наративна и ликовна традиција, со кои режисерот оперира како со некакви поединечности и варијации на трагата на еден запрепастувачки механизам.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Повеќе