венец (м.)
Хотелот се испразни како коњушница пред трки - поетите беа заминале по попатните градови на пладневни матинеа и средби со читателите пред да се соберат вечерта во главниот град на поетскиот митинг и приемот во чест на Златниот венец.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Во битките смртта на сите вам венец ви сплете на гради камен ми кладе.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Ја гледам твојата крв и не можам да мислам на венци.“
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Граѓанството на војничките гробови положи цвеќе и венци и предводено од ѓупски свирачи, намуртено се растурува по своите домови.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Слушнаа за мене и поети од Ману ме викнаа на ручек со нив да ждерам таму покана добив и јас да рецитирам во нивното друштво да им пенетрирам На Струшките вечери седнав на стол одржав говор пијан ко вол аплауз силен, дојки се тресат ми додели венец згодна поетеса
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Ама бикот ќе ја занишаше главата и ќе го истресеше венецот од роговите. Волот си е вол. Да разбираше повеќе не ќе влегуваше во јарем.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А одочесниците низ полето, како и додоларките накитени со зеленило, со венци од младо жито и од полски цвеќиња, опремени со крстови и икони, пееја своја песна: Крсти носам, бога молам: Господи помилуј! Господи заврни!
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
И подрипнуваа заедно со биковите. На победникот ќе му навреа венец од шамак на роговите. Зелен гушник ќе му обесеа.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го нејќам ја венецот никаквец што ѝ го спрема, помисли други што крие.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
Сите сфатија дека зборува за вчерашната битка и никој не се обиде да му се вмеша во зборот, ами слушаат: - Од осакатените борови ко солза тече смола и од лисје лепи венци и ветерот ги постелува врз земјата што гори...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Последната средба со поетот Махмуд Дарвиш ја имав кон крајот на 2007 година во Струга кога тој се овенча со поетскиот Златен ловоров венец на поезијата, вредувајќи се меѓу поетските великани во светот.
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
ИЛИЈА: Ние оваа вечер овде ќе ставиме венец за да се осигураме од секаква пречка која би могол вујко ти да ја измисли и направи.
„Антица“
од Ристо Крле
(1940)
Веќе се стемнува. Лаѓа ноќта како црвотечина. Ги полни доловите пред нас до подбелениот венец од планината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Кандилата на блиската џамија оцртуваат во првата замраченост светлив венец околу минарето.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
На таа прва приредба ние -првачињата - учествувавме со едно рециталче за буквите: триесет и една буква, триесет и едно прваче бевме присутни на сцената и како декор, како венец од најубави цветови.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Улицата под него зина понорно и го присили да се придржи за венецот од покривот и полунаведнат се приближи до железната конструкција на големата светлосна реклама - неколку бесмислено испреплетени железни штангли што придржуваа еден круг со вкрстени букви на реклама за аспирин, распната без потреба преку небото, некогаш одамна поставена и заборавена.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Понатаму ги обеси и венците кромит, лук и суви пиперки.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Се прекина една ноќ, беше како нешто само по себе да истече и да скапче и тие знаеја дека сите огромни ќиури од бел, зелен и црн мермер и сите други камчишта и бигорите, сите тажни анѓели и сите камени венци, какви што може да ги има само на едни заборавени гробишта и само во Грција, што дотогаш беа ги престојале мирни меѓу тие маслини сите поминати векови, сега се собрани на средината, здробени, и дека тука веќе немаше што да се прави.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Поема прва, Сердарот, станува јаве, ловоров венец се крева над умна македонска глава, од грчка рака ставен.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Се почувствував изгубен. Пот ми го покри челото како венец од студена, влажна земја.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)