верува (несв.)
Не верува дека неговиот син дезертира.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Наивно верував дека ќе можам да им помогнам.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Не можеше да им верува на сопствените очи.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Како може да им се верува на Грците!?
„Ласа“
од Наташа Димитриевска Кривошеев
(2011)
Опомена следи, потоа казна, биди скромен, чесен,верувај во себе. Човек да видат.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Многупати другарував со ГРЕВОТ со тој бесрамник и подлец знаеше да ме излаже често а јас да му верувам слепо
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Како можев да не верувам во својот татко.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Ни еден српски воспитаник, особено ако тој има живеано во Србија, не само што не им верува на Србите дека тој е Србин, туку и ги мрази за нивниот шовинизам и ги лаже за да си ја достигне само целта, да добие образование.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
- Знам, ви верувам, мили мои...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не верувам дека би можеле да откријат.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Веќе се согласивме дека не се согласуваме. Идеите не нѐ прават идеални, ниту верувањата верници.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Разбери ме
не можам повеќе
да те создавам
да те лекувам
со поштенски марки
нема повеќе
да патуваш
сакам
да верувам
молци
ги јадат
адресите
во мене
интимно
се топат
некои санти
и паѓа
горчлива
сенката
на времето
кога се кастрат
лозите
и поривите
а билјето
развива
бујно
како грев.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Црквите на големите монотеистички религии ги испраќаа своите мисионери, или тие доаѓаа по силата на нивното верување, за да бидат некаква противтежа на војната, да ги спасуваат душите на тие што можеа да ги спасат, а редовите на милосрдните сестри да ги залекуваат раните на настраданите.
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Едноставно, треба да им веруваат на пријателите, на стручните лица дека имаат недостаток и дека со истиот можат да живеат нормално, но не можат да дадат сериозен прилог во театарската уметност и во нејзината развојна линија.
„Календар за годините што поминале“
од Трајче Кацаров
(2012)
- Нѐ прегрна и двете притискајќи нѐ, како да не си веруваше на очите, откако ја видел грозната слика на урнатината во која се беше претворила нашата зграда.
„Друга мајка“
од Драгица Најческа
(1979)
Верувате дека на луѓето лошо им се пишува? Кога сите луѓе би одбиле да одат во војна, тоа е мошне просто, би рекле: „Јас не одам.“
„МАРГИНА бр. 19-20“
(1995)
Светот во кој досега се движев е без вера, но не и луѓето кои живеат во него и требаше да ја сретнам твојата мајка за да сфатам и да се уверам дека има луѓе кои знаат да веруваат и да се надеваат во продуховеноста на денот, ослободени од демоните.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Тој веруваше во прогрес кога се совладуваа границите, наложени од морално поделеното човештво, само хармонизирањето на разликите може да ја оправда човековата егзистенција...
„Амбасади“
од Луан Старова
(2009)
Ние не верувавме во новото
тие се исцелуваа од промената
нас нѐ опфати очајот на вечноста
нив чудотворноста на живата реч.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
За Мајка остануваше битно дека го извршува верувањето во Бога дека ја испратил во живот да ги спасува своите чеда.
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)