ветен прид.

ветен (прид.)

Во новово време сите сме на работ на нервите и живеачката сѐ повеќе ја доживуваме како синџир од неуспешни реформи во кој ни се препелка чекорот кон лесно ветената иднина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Потоа мајка му го закла петелот што го имаше ветено за да му ја стави главата во гробот на Илко како курбан - за да не повлече со себе некој друг од фамилијата.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Членовите на семејството на Праведникот тоа го сфатија како знак на голема надеж ветена од небото, верувајќи во добар исход дури и кога по неколку месеци, ги натоварија во воз за концентрационите логори.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Вечната клетва секогаш ќе те стигне Во секое време, низ животи многу Одлучи понизен да бидеш пред Свјатоме Богу И секогаш во предност пред другите ќе идеш Ќе бидеш признат, ќе бидеш свиден Ќе бидеш благословен и можеби некој иден Наш спасител, месија пратен Од народот свој по барање вратен Нови надежи да донесе во земјата ветена Неомеѓена, единствена, осветена! 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Избраниот народ ја бара ветената земја за себе и своите поколенија бродејќи долги години низ пространствата од Африка до Мала Азија.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
И без престан благиот шум на борјето над нив да шумоли ко пеење и паметење и вечен запис врз стеблата и каменот под кој лежат ветените за кои сал дабот, чамот, кленот, карпата, ридот, парчето ’рѓосано железо и штикот скршен ќе раскажува во времињата што допрва ќе дојдат...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ова недвојбено укажување на него како на извршител на злосторот, па Мусли бег, загрижен од одмазда на дворот врз сиот негов сој, се опинаше да го наговори Арслан бега да се откаже од потерата по Владимира Акиноски и да моли, и да измоли заедно, со помош на беглербегот битолски, нивни роднина, што побрзо да му биде даден ветениот имот во Битолско.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Сипаничаво лице, од кое гледаа две ситни очи, чиниш полеани со зејтин, му беше ветено на некој светец.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Богдан беше мртов, а одмаздата не беше таква како што беше ветена со клетва.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Очи в очи - грев е да погледнеш пред да си му ветена... - се потргнува накај карпата.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Утредента попладне се упати Томето накај дома, бидејќи ѝ имаше ветено на мајка си дека ќе руча дома со неа и Тинето.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Гранки фрливме врз нив ветените за крунисување пред олтар... врз гранките земја крвава и ја притегнавме со крш - камења ко вечен запис што во времињата сегашни и идни ќе ги мијат дождови и ветрој ќе ги сушат, ќе ги топлат воздишки и во бели зори ќе болснуваат ко бисер што болснува на гради момини...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Зарем нејзиниот постар син Ариф не го знаеше францускиот јазик и не ги познаваше добро француските војници на чело со командантот на воената територија на Подградец, припоена на тогашната Република Корча, а зарем тие не му ветија еден ден, кога ќе заврши војната да го прифатат на студии во Франција? Зарем не му беше ветена иднината?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Многупати помеѓу ветеното и она што ќе се случи доаѓа до недоразбирање.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
После многу напорни расправии, откако Унијата била протуркана некако, помош од Европа била ветена: Но помошта за спасување на Царството Константинопол од навала на силната Отоманска Империја, никогаш не пристигнала, па така бранејќи се само, Царството Константинопол доживеало пад во 1453 година.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
* Погледот намачкан со хоризонти, тишината ветена од ветерот. Врвот на планината изгорен (за да не го инфицира небото).
„Зошто мене ваков џигер“ од Јовица Ивановски (1994)
И покрај татковото дискретно предупредување, како довчерашни емигранти да се ориентираме кон професиите кои го заобиколуваат затворот, како што се медицинските или техничките науки, јас скршнав од ветениот пат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Сакаше, како што Мојсеј повел еден народ кон слободата на ветената земја, да го поведе човечкиот род кон ослободување на Јас, кон ослободување на човековата суштина од оковите на потиснувањето и од мрачните понори на несвесното.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имено, Арслан бег, кој беше заслужен воин и кому, како на таков, според турските закони, му беше ветен чифлиг некаде во Битолско, не сакаше да се исели од Потковицата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога, на крајот од месецот, Татко не ја донесе ветената и очекувана вреќа со брашно, Мајка му ја положи својата кафеава бунда на масата. Татко ја погледна зачудено.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Повеќе