ветка ж.

ветка (ж.)

Беа секогаш оние северни ведрини, од кои мразот преку ноќта се стегнува како кремен, за некаде веднаш попладне само штом ќе почнат да капат капавиците, а веќе светлооката острина на цибрината ги маѓепсува со погледот на своите бели ѕвезди, и само мранзулите по стреата и по ветките ќе стасаат да пораснат надолу уште за една педа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето ги носи низ ветките и ги залепува на ѕидот.“
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се подзакривам зад една ветка и почнувам да се крстам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Врвевме по алејата на великаните. Се наслушнуваа лелекања на тажачките кои никако не успеваа да пронајдат доволно ветки за да ги спрострат своите црни платна на болката.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Зад завесата од роиштата лесни снегулки, тој ги гледаше отспротива буките, чудно искитени со дебели, снежни наслаги на гранките, во чуден сплет, во чудно испресечување на бели и црни линии што го создаваа вкрстените стебла и ветки.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Што се вели: едно уште ти плаче во нивата, дури кршиш ветки за да го зачекуваат до сонцето, од горештината, а друго веќе ти тежи под појасот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А митралезот само стриже над нас, поткршува ветки и ливчиња.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А знам зошто: ѝ ги носи на ѕидот ветките од јаболкницата и со нив прави шарки.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Беа тоа едни сосема бели дрвја, имаа вклапнати ветки под тежината на перниците окит; мируваа невистинити дополу скриени во овнешкото руно на небото и само понекогаш, многу ретко, тие знаеја да дадат некаков знак на живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И го зема стомнето од под ветките и тура во рачникот, во маштеницата. Маштеницата се танчи и помодрува ко небото. 34
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Фронтот оглувел и занемел. Можело да се чуе птица да прелета, бубачка да запрета, ветка да процвета.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
А јас, ти велам, ко ветка сум станала, без тежина, без ништо да ми се гледа.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Слушаше како ветерот постојано гребе со ветките од дрвото на прозорците, слушаше како некоја провисната ламарина постојано потропнува во дворот и тоа го вознемируваше, онеспокојуваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Кога се врати сличен на живо стебло со испреплетени ветки, го разгоре огнот и го помоли бедниот Герасим од Побожјане, домазет во нашето село, да раскажува за старите времиња: минал многу свет, го знае минатото. И рече дека нема веќе спиење.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Го превртувавме месото на жарот со долги, зашилени ветки, бавно, секој со исчекување дека некој прв ќе почне да јаде.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Всушност тоа секогаш беше само едно од тие дрвја, кое ќе стореше само едно движење, едно такво движење како кога се сонува тежок долг и морничав сон, и секогаш тоа беше само една ветка, што се исправаше нагоре како празна дланка во несвесно замавнување што оттурнува нешто од пред своето лице, додека под неа се ронеше истресениот окит.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Сонцето ги носи низ ветките.“
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Можеше да се обиде да најде уште некоја потпора за своето тело во подебелите ветки околу себе, да се загнезди меѓу нив колку што му беше возможно тоа во неговата положба на закачен, а за да сето време секое негово движење се престоруваше во растреперена напнатост, така што еднаш беше принуден докрај да се смири и само да трае.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Јас се нишам горе, на чардакот, ко ветка, а долу, в пондила, рикаат кравата и магарето. Рикаат тажно, речиси плачат, ко луѓе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Остана на своите ветки, полн со некаква ситост, што не можеше да ја зачува којзнае колку долго.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Повеќе