видовит прид.
вид м.

видовит (прид.)

Само видовитите можат да ја протолкуваат и таа друга страна. Но не секогаш!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Зошто се патува по невиделица, зошто не се слуша гласот на видовитата и од господа почитувана старост?
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Беше видовит и во многу нешта даровит.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
По ден, тогаш веројатно по последниот јасник во таа илјада осумстотини триесет и петта година, додека светлоста откосо се ближела кон рудината на која стоеле, нејасноста во очите на видовитиот не можела да им стане водач.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Истоштениот чувствувал на овој пат дека видовитоста не му е туѓа, дека за чудовиштето што ги следело ноќе знае повеќе од другите. Ја нишал главата.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Тие се плашеле од сенката на измисленото чудовиште заради кое Онисифор Мечкојад му ја сечел жилата преку жолтичавото чело на богдагопрости чабавиот богоугодник и видовит човек Дмитар-Пејко.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Значи, за да станеш видовит, кој го раскажува минатото, ја гледа сегашноста и „може“ да ја предвиди иднината, не мора да завршиш студии за историја (дека така одеше дефиницијата за историја - запознај го минатото, за да ја разбереш сегашноста, за да можеш да ја предвидиш иднината), ами само еднаш да паднеш во кома на пократок рок, па кога светлината на крајот на тунелот ќе ти се појави, да се сториш пишман и - оп, рикверц, ама со нов ум, претприемнички подготвен да го спасиш и општеството и човештвото.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Некој крај средниот оган споменал дека видовитиот Дмитар-Пејко, пред злата крв да му го покрие разумот, расправал долго и со благ занес во очите за благородноста на човекот, за дарежливоста на земјата, за силата на водата; секој збор на старецот бил светол и звучен, до проѕирност измиен со мудрост; прикаските имале подлабок корен и од самиот живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Никогаш и во ничии очи Онисифор Проказник не видел толку страв: чудовиштето не се делело од видовитиот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По смртта на видовитиот Дмитар-Пејко, Неделко Шијак повремено потонувал во златен и зелен жабурник на страв и го шепотел неуспехот што ги чека на крај пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Не очекувале, сепак видовитиот несреќник јасно проговорил, не можело да се сфати умира ли или зачекорува исправен и наеднаш повисок и од највисоките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но тој имал моќни очи и можел без милосливоста на месечината да го види меѓу сите видовитиот Дмитар-Пејко и да дојде до него додека ја сечел со џбиткавоста толпата што полека се стивнувала, чиниш и се предала на судбината во многубожечко исчекување на ново чудо.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Видовитиот Дмитар-Пејко сепак знаел како изгледа она што другите не го гледаат и знаел дека од дебелата 'рскавичавост на животното се одбива семоќен ветар и паѓа врз нив разбиен во капки.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
4. Заборави дека некогаш сме се разделиле мисли на времињата кога сме се шетале како месечари низ светот на копнежите кога душите сме си ги испраќале видовити над некое непознато море да се љубат ноќе, кога сонот ни гледа во ѕвездите – сите нѐ стрелаа, само вечноста нѐ погоди.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Кажи: имаш потреба да се скриеш од сѐ и од секого, ништо и никој да не те гледа, така ќе ти биде полесно да излезеш на крај конечно на крај на светот но барем кажи: тогаш сфаќам дека се претворам во некого друг налик на говорна фигура, и се гледам со очите на другиот и не сум сама, не сум јас ... кажи - очите на јазикот дебнат саноќ, дебнат везден јазикот е видовит гата, прорекува и се провлекува отаде времето кога му се испушта да каже нешто што не треба кажи: јазикот не е само јазик!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
- Господи, не заборавај нѐ ... Му верувале на видовитиот дека ги следи некаков куп крлушки, заби и нокти, бездруго да се надвисне над нив, да ги поклопи и да ги стори испокинати мртовци со дрипаво месо на студените коски, сета таа бедна расфрленост да се сфати со последното делче на свеста и пак таа свест да се бори да остане непобедена.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се изненадив на зборот „работам“. Овој збор најмногу, во ваков контекст, го употребуваат оние што се претставуваат како видовити и надрилекарите.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Имаше Ѓорѓија, питомиот бекрија, дарежлива рака, имаше срце блескотно и ум видовит.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Видовитиот носител на знамето на стравот, оној Дмитар-Пејко што не ги познавал границите на сонот и на јавето, наеднаш брзо-брзо им го опишал чудовиштето.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Кога најмалку претпоставувале, видовитиот Дмитар-Пејко паднал на коленици и ги подал рацете кон нив. - Ми истечува крвта. Болен сум.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе