визита (ж.)
А неговото настојување испитувањата и информативните разговори на осомничените да ги третира и да ги ословува како визити, повеќе упатуваше на пристап карактеристичен за потсмевот или мајтапењето.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
И иди пак визитата со црвени крстови, и пак се растура мирис од јод и од ракија.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Рече дека идната визита ќе треба да ја направам по три дена. Во понеделник. Во осумнаесет часот.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Треба да причекаме до утре за резултатите. По визитата може да си замине.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Внатрешната температура се мери анално. Визитата е задолжителна.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ги покани на визита, на по една ракија, по едно кафе; денот им е на каурите.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Во Ново Маало купи куќа, во која често одевме на визита и во која после живееше син му, бате Иле со фамилијата.
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)
Во тој миг на утринската визита се појави младиот началник на Пулмолошкото одделение.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Додека да помине визитата Рада ја напушти болничката соба.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Чуствувам дека сакам да се потсетам колку време од сите тие визити поарчив трудејќи се да си одговорам на ова прашање.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Наскоро се очекуваше визитата на султанот, па Мехмед-паша имаше намера да се пофали со делата на својата верност кон Падишахот.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
— Кој од вас овдеки комита, бре ердули? — намрштено се провикна Арслан и ги измери домаќините на селото кај кои толкупати имаше правено визити и јадено кокошки и алви.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Тогаш земам боледување и останувам овде да чекам зад врата со скратена двоцевка да видам кој ти прави тебе визити рано насабајле. Dixi.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
2. Дојде визита и главниот лекар ќе ме праша: — Од каде сте, другарке? — Од Костурско, велам.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
А она што се однесува до спомнатата визита само да додадам: вознемиреноста и збунетоста не ми се зголеми поради оваа обврска.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еее, сега ми стана јасно зашто у официјална визита не се дојдени ни Бате Чире, ни Тхе Ред Бане, а нема да дојде ни Хорхе Ивано. Нема кој да ги пречека.
„Тибам штркот“
од Зоран Спасов Sоф
(2008)
Или Грофот го има оценето како дрско моето барање да ги именува причините поради кои морам да учествувам во овие срамни визити?
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)