викотница ж.

викотница (ж.)

Само некои чавки и гаврани клечат на покривите на куќите и ме гледаат испуштајќи силни викотници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Фоајето беше исполнето со викотници, кои доаѓаа низ една врата во дното, која беше ширум отворена и на која беше испишано, дека тука можат да влезат само луѓе на берзата - берзијанерите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
А авионите не престануваа со голема бучава ниско да летаат и да бијат со долги митралези рафалии и страшни беа грмежите на бомбите и ужасен беше пламенот што се издигнуваше над рамницата и ги снемуваше гласните викотници и лелеци на луѓето кои гинеа под бомбите и гореа во пламенот.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Се проби јаснозвучен силен глас и весело пеење се разлеа, ја потисна и ја смири викотницата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Другите нададоа смеа и викотници.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Долу во дворот жената беше престанала со пеењето, но далечните викотници на децата допираа од улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Напред се извикуваат пароли, се мешаат викотници и пискотници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Меѓу викотниците се чу дека некој тргнал да јави за кавгата во полицијата во Лерна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Настапи нов бран викотници.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Отсекаде наоколу допираа викотници. Панични женски гласови што ги довикуваа најблиските.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Обратно треба да се одбира од оние со и без деца - подобри се оние многудетните зашто се навикнати на бучава, викотници и кавги, па полесно ќе се прилагодат на тебе во твоите „блескави“ моменти, кога се „продераваш“ за нешто за кое само денес си убедена дека е така, а веќе утре не се ни сеќаваш што била темата, поентата и поводот, а за причината ич да не правиме муабет.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Викотниците не престануваа. Тоа беше „арената“ на берзијанерите. Секој надвикуваше колку што може и умее.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Викотниците во собата беа куси и задушени.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Го удри по лице светлата жица од прозорецот, од неа сега струеше жештина, а викотниците како да излегуваа од неа и се истураа во собата врели и мачни.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- А од горе дојде еден куц и со викотници и пцости почна да ги растерува од џадето.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Луѓето стануваа рано наутро, кога надоаѓа некоја капка повеќе, и уште в зори, почнуваа викотници.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Тој досега не беше видел толку луѓе на едно место, не беше слушнал толку гласови одеднаш, не беше спал ни една ноќ во таква ѓурунтија и викотница како ноќеска, та затоа не можеше да предреме ни во зората, ами стана и појде на долчето, та се изми образ и се поосвежи од мамурлукот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Излегуваа со гавазот и Бошко од Скопје, а уште се слушаше викотницата што го поздравуваше заминувањето на султанот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Слеани во едно подвижно, преплашено, чудно тело, тројцата потонуваат во темнината на тесната улица, полнејќи го просторот со викотници и плач.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Повеќе