виолински (прид.)
Виолинската футрола во аголот е обичен дрвен сандак.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Кактус, виолинска футрола, бол за две Марии.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Темна маса со изгасната глазура, неколку редови книги зад стакло, позната репродукција, црна виолинска футрола в агол.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Таа отпрвин ги разгледуваше сенките на ѕидовите, ги прелистуваше дебелите книги, ја отвораше виолинската футрола.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Се движеа како по невидливи виолински жици. За еден акорд.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Беа како оптегнати виолински жици, како распнатата кожа на тапанот македонски, пред да се игра орото.
„Ветришта“
од Радојка Трајанова
(2008)
Крикот расте во виолинските жици, не во него.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Виолинска футрола (дрвен сандак потпрен на ѕид) маса, книги, нагорен килим.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)