виси (несв.)
Секој ден навистина виси на конец.
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
На нив висеа искрпени кошули, чорапи и детски пелени.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
Есента доаѓа рамнодушна и дури некако скептична во кругот на самотата што го носи Се постелува преопрезна зад грмушките на видот и чека како итро демнење И не е само тажна метаморфоза на лисјето и подмолен пристан на испокинатите магли што висат од рамената на студот Туку е клопче од многу излитени носии и сива клупа од постојани медитации при кои долго се молчи
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
И, што да види: автомобилот стои скоро попречно на калдрмата со отворена врата од страната на шоферот, а позади него настрана падната чеза и коњот кој виси малку подигнат над улицата закачен за неа.
„Белиот јоргован“
од Хајди Елзесер
(2012)
Тогаш видов дека од едната рака му виси сплетен камшик и дека умее со него да везе шари по селанските лица.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
И лисјата на костењето ја добиваа бојата на огнот и како усвитен покрив висеа над шаторите.
„Прва љубов“
од Јован Стрезовски
(1992)
Парчиња од дотраените ќунци висеа на неколку места под стреата така што од водата што кога врнеше се излеваше по фасадата малтерот беше испопаѓан.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
Неколку замрсени спомени висат како пајажини во аглите од ѕидовите меѓу нас.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Инаку ти би видел дека твоите сонувани џиновски стебла се истргнати од корен додека во нивните стеблаци невратно гаснат очи на црвени верверици; инаку ти би видел дека белите гриви на ветровите висат како свенати класја.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Над него висела на невидливи сончеви нишки црвеникава ветрушка; наслушнувала песна на кос и со остро око ги демнела движењата под себе.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Гранките на дрвјата висеа испокршени како громови да удриле во дрвјата.
„Свето проклето“
од Јован Стрезовски
(1978)
На појасот напред му беа вкрстени два пиштола со сребрени дршки, а на колкот му висеше крива тогашна сабја.
„Луман арамијата“
од Мето Јовановски
(1954)
Ливадата на ова сосем голо теме од моето присуство облик ќе си земе достатен за сите чудесни каприци што висат со набој на две овчји цицки во оваа прва архетипска штама прецизно се слушам како блеам сама се одбивам и пуштам во чисто звучни пруги моето ткиво да пропадне во флуид ливадата ин виво бесконечно ја рудам ме нема, ме нема не знам како пеам и зошто се трудам Знам, моја силуета но друга овца шета со оваа шепа.
„МАРГИНА бр. 2“
(1994)
На нив како на божиќно дрвце висеа румени цреши.
„Улица“
од Славко Јаневски
(1951)
На ѕидот кон бавчата виси портрет на свекорот во природна големина, со фес на главата и астраганско џубе.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Црешите беа сосем зрели и црвени висеа на дрвјата.
„Зоки Поки“
од Оливера Николова
(1963)
Третиот брат држеше касапница во градот, касапницата на бегот, и затоа можеби на тремот од куќарката на овие Турци понекогаш гордо висеше, и по неколку дена, заклана јалова овца.
„Вежби за Ибн Пајко“
од Оливера Николова
(2007)
Околу печката беа наредени валчести капаци за мини и бомби. На ѕидот од леарницата висеа неколку бомби.
„Гоце Делчев“
од Ванчо Николески
(1964)
Секоја вечер под дискретната светлина на електричните фенери сѐ поубаво се гледа дека луѓето сѐ помалку гледаат слики и фрески, а сѐ повеќе висат пред огледала, поради што сѐ повеќе и расте бројот на огледалата во Венеција, барабар со бројот на самобендисаните.
„Светилничар“
од Ристо Лазаров
(2013)
Од наведнатата глава очите му висеа на конци.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)