висина ж.

висина (ж.)

Согласно законот од 1992, висината на регресот за годишен одмор можеше да се исплати најмногу до висина на просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството, додека висината на отпремнина при заминување во пензија можеше да биде исплатена најмногу во висина на трикратен износ од просечната месечна плата по работник исплатена во стопанството.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ја отвораше како падобран и дозволуваше со неа да лебди, та можеше со леснотија да се препушти на висината која се простираше пред неговите нозе.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Промени претрпе и висината на паричниот надоместок и времето за кое се исплатува паричниот надоместок и основите кои го оневозможуваат остварувањето на правото на паричен надоместок и престанокот на правото на паричен надоместок и роковите за пријавување во Заводот за вработување на лицата кои остваруваат право на паричен надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имено, при организирање јавни работи, ако организаторот на работите (кој, согласно член 84 од ЗВОСН, може да биде само работодавец од јавниот сектор) работно ангажира невработено лице корисник на паричен надоместок на јавни работи над 30 дена, тогаш тој има право на надомест од Агенцијата за вработување, месечно во висина на паричниот надоместок на ангажираното невработено лице.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ја дигаше главата и од висина го шеташе погледот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Леден здив да ми ја разбранува крвта додека ме заспиваат песни љубовни, додека ме галат очи љубени, додека ме будат усни јагоди црвени, сила да ми дадат чисти бели вистини, не се плашам од висини ја отварам душата и летам на крилата на пеперутката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Од сите страни на паркот стари згради со иста висина што зборуваше дека во добата кога тие биле изградени архитектите си ја завршиле својата работа без ниедна грешка.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Извичникот го ѕвекна плочникот бидејќи паѓаше од висина.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Работодавачите ќе добијат субвенција за вработеното лице во висина од 80% од висината на социјалната парична помош исплатена на лице/домаќинство за претходниот месец од месецот во кој лицето е вработено.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Веќе во јули истата година, со првата измена на овој закон, предвидено е најниската нето плата под која не може да се исплатува да се утврдува со Општиот колективен договор на Република Македонија, а доколку правното лице кое што врши исплата утврди пониска нето плата од таа утврдена со Општиот колективен договор и зголемена за 50%, тогаш исплатува плата во висина на најниската плата утврдена во член 59 од Општиот колективен договор и зголемена за 50% (чл. 4, ЗИДЗИПДНДР/јули.92).
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа промена може да се оцени како посоодветен критериум за утврдување на висината на паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
4. Исплата на надоместоци од плата ЗИПДНД во 1992 година вклучи одредби со кои се регулираше висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на заедничка потрошувачка и висината и исплатата на надоместоците кои имаат карактер на материјални расходи.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Оваа промена го навестува големиот број на порестриктивни одредби во начинот на доделување на средствата за вработување на инвалидно лице на неопределено време. 107 Имено, се пропишува дека основен критериум за утврдување на висината на доделените неповратни средства ќе биде бројот на вработени инвалидни лица.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Ако нема господ, си мислам, тогаш значи не може ништо да се измине и дека нема крај ни висината ни вистината.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Во врска со висината на казните следеше нивно намалување и тоа кај сите засегнати страни: работодавачот, директорот, односно одговорното лице и работникот задолжен за водењето на евиденциите.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Дојде Големиот Ден. Го крена купот снег до својата висина и го натапка.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
- И додека ја чувствував онака висината на мојот врат јас во себе се прашував Зар можело да се случи тетка Боса да се посомнева или да сфати дека во мене сѐ повеќе се намалува вербата во вистинитоста на она што се случуваше?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Ама пред тоа мене да ми земете метро - по должина и ширина и најдете ми добро, проветриво место, со широк поглед во далнина и висина, на врв рид, каде ветерот на зајдисонце меѓу дрвја и лисје приспивни песни ќе ми свири, во рани зори славеј ќе ме буди и дождец во спарни долги лета ќе ме лади...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Иако има пракса да се договори со адвокатот за трошоци во висина од 10% од досудената и наплатена оштета, поради сигурноста во својот случај, тој се договара за трошоци според Адвокатската тарифа.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Од почетокот на транзицијата, правата на работниците кои по силата на приликите се невработени во дадениот момент со промените на овој закон претрпеа сериозни намалувања, особено во поглед на остварувањето на правото на паричен надоместок во случај на невработеност: додадени се нови ограничувања кои го оневозможуваат стекнувањето на ова право и го олеснуваат неговото престанување, утврдена а подоцна и намалена е горната граница на висината на паричниот надоместок и, најважно, дојде до повеќекратно и драстично намалување на времето за кое се исплатува паричниот надоместок.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Повеќе