високоразвиен (прид.)
Во сепарето на демократијата
ќе го читаш синопсисот на
неоколонијалистичките
метаморфози - како се преобразува
терорист во херој.
Софистицираното зло над народите
е симбол на високоразвиените
демократии.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Таа е составен дел на стопанскиот живот не само на убавиот Франкфурт, туку и на високоразвиеното западногерманско стопанство.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Кај овој атипичен договор, кој се очекува да се применува за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“, дури и во услови на загуба и лошо менаџирање што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната Светска економска криза (2008-2010).
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)
е) договор за вработување деловни лица (т.н. менаџерски договор – чл. 54, ЗРО/05) – кај овој посебен договор, кој се очекува да се применува за т.н. работоводни органи, односно за директорските функции кај работодавачот, зачудува оставената законска можност за поинакво регулирање на меѓусебните права и обврски, меѓу другото и во делот на плаќањето, што остава простор за неоправдано привилегирана позиција на менаџерите во однос на другите вработени во истото трговско друштво – како, на пример, преку делењето превисоки „бонуси“ дури и во услови на загуба и лошо менаџирање, што, впрочем, беше случај и во високоразвиените западни земји за време на последната светска економска криза;
„Обезвреднување на трудот“
од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев
(2010)
2) Недоверба на работниците во бирократизираните синдикални лидери и разочараноста од декоративната улога на „жолтите“ синдикати Овде треба да имаме предвид дека и денес, не само во високоразвиените западни земји, туку и во „земјите во транзиција“, синдикатите се далеку најголемата компактна политичка интересна заедница.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“
од Димитар Апасиев
(2011)