висулец (м.)
Му завидував на висулчето од жад што се клатеше меѓу нејзините гради и тоа ѝ го реков.
„МАРГИНА бр. 32-33“
(1996)
Мислеше, приближувајќи се до стеблото, на своите раце, мислеше на својот чекор, продолжуваше да сеќава некаква неизбежна радост, некаква неизбежна тишина, што му го опфаќаше целото тело, а за сето време загледан само во тоа масивно стебло, целото извиено, вивнато нагоре и смирено под беличестозеленикавите висулки бради, со кои што беше обрастено по корубата.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
А градителот обиколуваше околу нив, се наведнуваше над нив и секој час им ја мереше работата со еден жолт тенекиен триаголник и со еден оловен висулец на зелен конец.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)