внедоапица (прил.)
Додека си работел така, внедоапица му дошле тројца Турци и му побарале да им направи топеница, попара со маст.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)
Како што внедоапица дојдоа така пројурија низ окопите едни како да се жирафи гледајќи преку окопите, а други подведнати како изгладнети мачки глушец што бараат, се пикнаа во земјанката кај командирот, рекоа што рекоа таму и како што брзо се појавија така брзо се изгубија по истиот окоп назад.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Некаде по Божиќ, едно утро, некои три или четири часа пред да осамне, додека се грееме крај огништето, внедоапица дома ни дојде дедо Геро Војвода.
„Крстот камбаната знамето“
од Мето Јовановски
(1990)