воден (прид.)

Сѐ ми пушта со очите: му играат како жива во водена терезија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Неговиот дворец мора да е всаден само во водниот дел на островот што ја држи ледената палата на ветриштата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Ти ги испратив тебе поради твојот занесен изглед небаре без престан посматраш водени отсјаи стари карти кутии кои се отвораат само пред сведоци списи кои се даваат на реверс саркофази врз коишто светлосните зраци смртоносно се вкрстуваат.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тамо имало едно големо блато и во блатото илје и милје имало жаби и други водни животники, тамам за штрковите гозба.
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
Индустриските општества создаваат фабрички систем на политика водена од менаџери.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Водоскокот ја распрскуваше водата во вистински воден прав, низ кој сонцето ги прекршуваше своите зраци во сите бои на виножито.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Впрочем кога човек ќе истурка еден сонувачки век Најнакрај има право малку и да се разгаќи Да ги пушти соновите да се нишаат по езерската шир И да ги крепат охридските маратонци А и другите пливци и скокачи во водени сонови
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Во овој син воден густеж започнуваше, според сите таткови претпоставки, големиот пат на јагулите и кој требаше да го следи семејството во потрага по излез од Балканот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Пред нас скокаат жаби и водни змии во реката.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во ѕидот на оваа страна допуштено е да има набиено два три кола на кои зимно време се обесуваат водените сакми и гуни, или некое котле со вода, да не го локаат пците или избурбатат прасињата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Во меѓувреме, овде многу се смета на подобрувањето на водниот биланс со пречистувањето на отпадните индустриски води.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Во тој свечен чин на неможното, кога дури и кобниците ги забораваат проколнувањата со кои се родиле и со кои ќе умрат премногу изморени за да прослават еднаш во животот и благослов, во водите престануваат вражбите: над дебел опаш на видра се смирува рој бели рибички, водените полвови со очи ја пијат ѕвездената светлост: потоците ги појат разбудените коренчиња на дуњите и сливите, жугаат од нив сончогледи и пченки, и уште подалеку,
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Меѓу трските ми се подава една човечка глава, се ниша на вознемирената водена струја.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Се созема човекот. Ама сиот е воден во лицето од солзи и од пот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ѝ кажав и за клинои, ако детето многу се моча, и ако е крепа во ципите, да земе трипати по девет зрна грав и јачмен и да ги остави да ги намоча детето, и после да ги извади од под детето и да појде меѓу две води и со зрната да го боцнува детето и да вели: „Ако се сувите нека одат посуво, ако се водените, нека одат по вода.“ 60
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Земи ја розата, Цветот како исплетена боја - издлабена во здивот и плачот на дождот како висока градина - - изговорена на врвот од ѕвоното како последниот сон на ангелот воден по бездната на утрото.
„Чекајќи го ангелот“ од Милчо Мисоски (1991)
Овде главно слушам Класик Рок Стејшн, радиопрограма водена од мајсторската рака и сексуљавите гласови на Анкл Џо и Синтија Фокс.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Има широки пасишта и водени токови.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Беличот ја остави притката и чунот и се зализга нечујно по водената површина.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Секаде е водено. Почини така и пак забери го патот пред себе.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Повеќе