водич (м.)

Варуна е твојот спасител сега Нека не бега самосвеста од твоето измачено тело Не е нова веста дека ништо не е сосема бело Митра ти што правдини делиш за секого исто Биди ми водич на моето несвесно Јас Ти кој ја познаваш магијата на духот Во дослух со мојот ум Всади ми почит Во очи со вистината
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Кога си заминуваше светлината Денот квичеше како слепо кутре И го фрлија в река Ако ја надвие водата и залае на песокта Ќе му стане водич на слепецон што чека на брегов
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
И сега, кога ги следам пред овие идеолошки водичи на Атеистичкиот музеј во Скадар, тие сѐ повеќе ми личат на видените дервиши во детството, сега како вистински црвени идеолошки дервиши на новата вера кои по наредба или според болно соживување се предаваат на реторички оргии сакајќи во нивниот транс да го искоренат стариот бог од луѓето и да ги натераат да го прифатат новиот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Водичите се подготвени да ја изречат беспрекорно научената идеолошка молитва.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
На мал простор од овој роман, благодарение на вешто водените наративни стратегии кои ги користат искуствата на традиционалниот и постмодерниот роман, се покренуваат некои од клучните теми одбрани од корпусот на интересирање на балканскиот човек кому типолошките карактеристики на ликовите и на ситуационите модели по мерката на препознавање му се најблиски, но би било погрешно да се разбере Бунар само како водич за балкански менталитет и да се чита како што се читаат Андиќевите дела за да се разберат причините за балканските судири.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Секој човек си има свој внатрешен учител или водич, него само треба да го повикаш и да го слушаш, да слушаш: тој кога те подучува не оди никогаш против тебе!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
По кои скали од зборови ме качуваш во твоето минаре за да го имам молчењето за сопатник а немирот за водич?
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Колку ли пати во ова макабрично патување, во трагикомичниот балет на сенките на водичите, во близината препознавав луѓе од мајчина и таткова рода како ми се приближуваат, но не го чинат последниот чекор до мене, а и јас останувам нерешителен на тоа.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како и многупати на ова речиси безизлезно надреалистичко патување во родната земја, кога барабанската реторика на моите водичи ме исклучуваше со мислите, за среќа, во свеста, повторно ми се отвораше вратата на сеќавањето на семејниот дом, на Мајка и на Татко, со сите во семејството.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Остануваа експонатите во нивната самотија, вратени во оската на нивното реално постоење, по толкуте поместувања со реторичките тиради на водичите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Едвард Сапир тврди дека ‘јазикот е еден водич во општествената реалност’ и дека човечките суштества се на милост и немилост на јазикот кој станал медиумот на изразување за нивното општество.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Завршува програмираниот рецитал на водичите - конзерватори на Атеистичкиот музеј, претставувањето на сите сектори.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Шетаат низ урнатините и водичот им покажува и објаснува: „Ова е главниот плоштад - Форум, ова се киповите на Јупитер, Јунона и Минерва; овдека се остатоците од храмот на Аполо, овде пазарот, градските бањи, а ваму крај брегот на рекава, театрите и големиот амфитеатар на кој присуствувале и по дваесет и пет илјади гледачи за да ги гледаат борбите на гладијаторите; на оваа страна имало убави куќи и вили меѓу кои се истакнувала вилата на Цицерон; по должината на оваа улица биле крчмите во кои се пиело и веселело...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Слепецот, во неговиот приговор, се разбира беше тој а водичот таа, и тоа само затоа зашто го беше повлекла за раката да му покаже еден модел во излогот на големата продавачка куќа!.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Утредента водичот на екскурзијата го имаше главниот збор.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Пред да биде уапсен поради реметење на јавниот мир (зошто се обидуваше насилно да ја свлече растревожената Чикита), тој стигна да изјави дека изборот за мис е чиста провокација; имено, татко ѝ на Чикита е водич на „федералистите“, а и нејзиното бикини било во боите на националното знаме на големиот сосед“.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но стравот му попушта, кога шоферот го запира автобусот, и кога на вратата ги пречека еден водич и им вели: ”Добро дојдовте во Помпеја...“
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Напати и самите музеи ни личат на театарски сцени во кои водичите - конзерватори ја презеле улогата на актери, а од самите музеи не може да има подобри театарски сцени, со беспрекорна сценографија и декор.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Низ разните симболи лесно ги препознавав епизодите од моите судири со водичите – конзерватори, посебно во Атеистичкиот музеј во Скадар.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Повеќе