водоводен (прид.)
Јасно му е сѐ. Од визбата на дуќанот до водоводната цевка е ископано три метри.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Презриво го задржува погледот на водоводната цевка.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Регистарот се наоѓа во седумдесет и осмата соба, на третиот подземен кат, на рафтот прицврстен за водоводната цевка.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Не сети како ја поткопа водоводната цевка. Таа останува назад.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)
Додека водоводните цевки се тресеа под напон, Боге ја замислуваше под тушот како што ја гледаше често: примижана од густиот сноп капки, си ги приподига градите да одмери колку ѝ виснале, поминува по половината да насети дали се здебелила или не, па се удира по задникот со истите раце како да кара дете.
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)
Е, што велиш ти, што ќе кажеш ти, мислиш дека во генералскиот апартман тече мед и млеко низ водоводните цевки?
„Синовски татковци“
од Димитар Солев
(2006)