возачки (прид.)
Камионите и автомобилите ги возеа луѓе од крв и од месо, луѓе што имаа вид и слух и имаа сопствени желби, луѓе што имаа возачки дозволи и полиси за осигурување, ги возеа роботи што се тркаа по патеките, раководени од сили што тие не ги познаваа.
„Невестата на доселеникот“
од Стојан Христов
(2010)
Ве молам дајте ми меѓународна возачка дозвола, зелен картон и потврда за осигурување.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Пред влезот стоеше едно такси, постара кола во зелено-бела боја, а најинтересното беше што на возачкото седиште седеше жена.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Но, такво чувство опфаќа кога воланот се ослободува од рацете и кога човек ќе се ослободи од дневната возачка психоза на напнатост и кога ќе престане да се тркала и да мисли на машината.
„Патувања“
од Никола Кирков
(1982)
Оди на свадби и погреби, од прва полага возачки.
„Најважната игра“
од Илина Јакимовска
(2013)