воскрес (м.)
Не можел да стане јасен, разбирлив, можел да ги трогне со библиска можност за воскресот на сите мртви пред кои живите ќе клечат и во безумен уплав ќе молат да им бидат простени гревовите.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Се залажувале и сакале да го излажат својот господ, да се сожали на нив и да не ги заборави кога ќе дојде воскресот и се мачеле да не поверуваат дека гласот на челникот не е потсмешлив, дека е навистина благородна молитва и посредување за добрините што ќе дојдат еднаш, утре, подоцна, само за нив, изѕемнатици со издупчени опинци и издупчени души, онакви какви што биле и што ќе бидат секогаш пред розовите осамнувања на вистинската пролет која сепак ќе ги плисне со надежи.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Слатки акшами сум имал во нив. Со една од нив дури и на вашиот воскрес.“
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
Во тоа време некој Кандило Кучевишки, инаку познат и во Кукулино како човек што без болка може да крши речни камења со рака, се прогласил по еден сон за светец и со своите синови седуммина или осуммина, почнал да гради црква со своја лика на ѕидовите - тој прв ги подава рацете кон новородениот Исус во сина пештера и тој прв клечи на Исусовиот воскрес.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Броеви, исолзени напори, сенки во сенки - темнина, нашата желба за воскрес на светлината.
„Записки“
од Милчо Мисоски
(2013)
Мрак. Нема будење, нема воскрес. Мрак. Нема будење. Мрак, глувота.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)