војсководач (м.)
„Сонував дека по една тешка војна сум се расположил токму на оној чардак над каминот; изгледа бев именуван за некаков војсководач или болјарин, а турските паши доаѓаа, ми се поклонуваа и ме трупаа со скапоцени подароци“.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Навистина не ѝ беше лошо: се здоби со покомотна живеачка а згора на сето тоа стана и генералица, и тоа не некаква си генералица, туку вистинска, бидејќи, како што веќе реков, Ролан Јаковлевич, иако веќе средовечен, по својата претставителност повеќе личеше на генерал од многумина други познати војсководачи, па дури и од оној српски генерал Ковачевиќ, кого во дваесетата или таму некаде, го убија некои поединци, уверени дека со неговата смрт ќе му ја приближат на народот барем малку слободата.
„Жената на белогардеецот“
од Србо Ивановски
(2001)
Кога ќе стигнеле војсководците, новите освојувачи на градот, секогаш тврдината станувала плен на нивните надежи тука да се овековечат.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Нѐ сметале за верни граничари, нивни воини, војсководачи, императори, ама никогаш да не си бидеме свои на своја земја!“
„Ервехе“
од Луан Старова
(2006)
Едновремено со освојувањата на Александар III Македонски на исток, во 331 г.пне., македонскиот војсководач Антипатер го загушил востанието на Спартанците во битката кај Мегаполис по што Спарта пристапила кон Коринтскиот сојуз.
„Џебна историја на македонскиот народ“
од Група автори
(2009)