впечаток м.

впечаток (м.)

Уште долго го носеше оној мраз во своите жили, имаше еден таков впечаток за себе, додека се валкаше преклонет по удолницата, не ни забележувајќи ја длабоката крвава ораница во снегот, како божем таа да беше нешто далечно од него, како тој воопшто да не беше причината за неа, чувствувајќи се мал за тоа да биде некаква причина, и сега веќе не очекувајќи ништо од тој ден пред него, кој можеше во себе да крие нешто за секој друг, а за него тоа беше само еден празен ден.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Според формулацијата на оваа одредба, може да се добие впечаток дека ова претставува давање право на работничките- мајки.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А каков впечаток му правеа на дипломатскиот свет новинарските уверувања на комитетот и на Бугарите за македонското движење?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ама не оди тоа така зашто „цуцата“ за инает ќе пробува додека трките не завршат и, на крајот, ќе сака еден ден да преспие за да ѝ легнат впечатоците.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во односот на белиот зрак кон сивата средина се создава впечатокот на црвената.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Јас исто така сакав да оставам впечаток со мојата појава.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Истиот оној впечаток го имаше тој и при третиот истрел, тој сега речиси и како да си го виде своето зрно, додека леташе како оса и како се закопа во бедрото на она стршилиште, изнаоѓајќи го одлично во виулицата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првичниот впечаток на тоалетна идила го наруши кркорењето на еден гардист кој што си ги истураше цревата во клозетската шолја.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Се добива впечаток дека тука е свежо изорана нива.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Имаше впечаток како сѐ околу него да набабрело и прокапало, дури сега можеше да ги види и да им се радува на покапаните капавици од својата стреа, што се цедеа во густи шурки и ја длабеа белината.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Српските студенти прават сосема друг и спротивен впечаток.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Посматрајќи го, не се интересираше за поединостите на неговото лице туку сакаше да го добие и изразот општиот впечаток што неговиот лик го имаше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Бев прочитал во една книга со геометријски цртежи дека аголот на гледањето сосема го менува впечатокот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Во кадарот по грешка влегува бела птица и го упростува впечатокот. Лирски јасно и банално.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ним силен впечаток им направила Виничката провала од ноември 1897 година, што всушност била прво откривање на Организацијата во Турција и пред Европа.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Експертите по сликарство, спротивно, откако со пробивен поглед, низ трепките или окалките, ќе се здобијат со општ поглед, односно впечаток за сликата, му се доближуваат на платното со бесшумен чекор на ловец кон дивеч и со око како лупа во едната а со нокот како пинцета во другата рака почнуваат да чепкаат по боите а особено под боите, во потрага по тајната или прелагата на мајсторството.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Најпрвин беше замислила еден сосема класичен и глупав почеток: директорот на училиштето да им се обрати на учениците и родителите со свој говор (сите знаевме дека тоа е неверојатна глупост, оти Фисот не знаеше да срочи повеќе од два збора на хартија, и тоа под услов да бидат напишани во два различни реда; тој имаше страст за решавање крстозбори и анаграми и сите имавме впечаток дека допрва ги учи зборовите како средство за изразување).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Имам впечаток дека таа опасно ме мрази.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Оттаму потекнува и одреден впечаток на садизам што ги рефлектираат некои популарни дела за коишто ќе стане збор, бидејќи садистичката компонента е пример на „целисходно мешање на нагоните“.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Ги трошам дните бесполезно и мудрувам наоколу, сакајќи да оставам впечаток на паметна индивидуа.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Повеќе