врбјак (м.)
Војниците ја однесоа масата на ледината и чекаа капетанот да им каже како да ја наместат. Ја ставија пред врбјакот.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Берела суви тревчиња по трапиштата и селскине врбјаци.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
На еден знак од поп Јакова пукнаа залп од стотина пушки, а од карпите се разнесе страшна викотница како онаа есеноска од врбјаците на Светецот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Под сенките на густиот врбјак го поминавме денот и ноќта, по полна месечина ја преминавме границата и стигнавме во Медово каде ја преспавме ноќта.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Чекавме да живне реката со своите бујни води, од стопените снегови на планинските врвови и падини, да разлистат врбјаците на бреговите на реката, да ги водиме козите на пасење.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Појдовме заедно кон крајречните врбјаци, по сочни лисја и бистра вода.
„Времето на козите“
од Луан Старова
(1993)
Над шаторот беше врбјак и пред него убаво лединче на поткренато.
„Будалетинки“
од Мето Јовановски
(1973)
Колоната претпазливо се пробива низ врбјаците наудрени во калливото трапиште.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
А за да падне мостот во широкиот вир кога ќе сакаат, тие врзаа по една ортома на двата краја на мостот и двајца се решија да се скријат во густиот врбјак, та кога ќе се накачат напаѓачите, да ги тргнат ортомите, да се урне мостот со сите луѓе што ќе бидат на него и да се издават во вирот.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Последен излезе и бапна во вирот Никола и по река, надолу, ги најде сите триесет и два другари во врбјакот каде што се разделува патот за Поешево и Оптичари и им ја честита слободата, а тие едногласно, уште тука, го избраа за свој војвода, благодарејќи му со тоа, што ги извади од затворот и им ги спаси животите.
„Толе Паша“
од Стале Попов
(1976)
Обично кога влегуваше во својата библиотека, застанат првин крај отворениот прозорец на чардакот, ја вдишуваше свежината на воздухот која идеше од модрите води на блиската река и густите врбјаци на самиот брег, потем стапуваше во својата библиотека, за со погледот кој шеташе од рафт до рафт мило да ги погали книгите, како свои верни чеда, кои постоеја за да ги штитат неговите вистински чеда.
„Балканвавилонци“
од Луан Старова
(2014)
Љупчо водеше низ врбјакот до бетонскиот мост.
„Клучарчиња“
од Бистрица Миркуловска
(1992)
Лево, долж брегот на малото езеро, брануваат високите трски, десно, долж брегот на големото езеро – густ врбјак.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Разгледаа над мост, под мост, но и тука положбата беше благопријатна за него – немаше буен врбјак каде што би се скриле бунтовниците.
„Калеш Анѓа“
од Стале Попов
(1958)
Правецот на движењето ќе биде: низ лозјата, врбјакот, па низ потокот - в грб!
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но само што тие прејдоа на другата страна и само што ги боднаа своите коњи кон ајдутските, од некаде од врбјаците истрчаа тие, ајдутите, Владимир и чупата Перуноска; се фрлија одозгора на коњите и преку чаирите ја трештија спрема врбјаците, спрема Мртвиците Чепиговски. Петерџиите со силна трка по нив.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Трајче продолжи нагоре низ врбјакот, се распули наоколу, скина едно танко врбово гранче и го пикна во кавалчето.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)
Течниот бисер од коритото на реката по секој блесок им се затскриваше зад врбјаци, камења, гингери...
„Човекот во сина облека“
од Мето Јовановски
(2011)
Сега јас да се скријам, а тој... нека продолжи... (Влегува во врбјакот.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)
Ајде да влезам во оваа божја сенчица, да го чекам... (Влегува во врбјакот.)
„Чорбаџи Теодос“
од Васил Иљоски
(1937)