врзе (св.)
Ногата ми ја оперирале и ми врзале лонгета. До креветот ми оставиле и патерици за да се помагам... Многу е за кажување...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Од април до мај не врзуваш крај но празникот мора да остане нај на банката камата огромна дај и пак отпочеток рмбај и трај
„Проклетници“
од Горан Јанкуловски
(2012)
Да го разораме каменов и место плод неправдина да посадиме да врзе длабок корен и густи гранки да нададе
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)
Со восок ги залепив
со смола ги запечатив
ги прелив со лепак
ги врзав со јаже
сите љубовни фантазии
сите желанија
од премолчување истоштени.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Ќе ми ја избричат главата и ќе ми ја врзат во штотуку одрана кожа од камила.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
СВЕТИ ТРИФУН I Ме затворија во манастир во црква ме затворија во осама ни дождот да ме мие ни виното ни плодот на надроченото сонце под овие ридја ме врзаа за ѕидот за тулата за варот со боите на ридот со воздухот на коштаните ме врзаа млад и ме нарекоа светец а јас лозите ги сакав и очите на селските моми на гроздобер на панаѓур на сведен.
„Липа“
од Матеја Матевски
(1980)
Подај ми ја раката јас мојата ќе ја кренам вишно стебло врз жилав корен да врзе.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
- Ќе видиме дали си виновен или не си - му одговори џандарот и му ги врза лисиците.
„Двоглед“
од Горан Јанкуловски
(2011)
И ѝ кажав за далак пупање кај да оди и за Одобрено дете што да прави, ако е детето само занесено и само да спие: да му намачка малку мед на модро книже и да му го врзе на папочето и ѝ кажав како да му го врати сонот на детето, ако му е земен од месечината.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Беше ги слегле во едно нивиште под патот и веќе им ги врзуваа очите.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
И после ја натерал да врзе црна шамија и да клекне да го истажи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
На погрешно си ги врзал зборовите и како од туѓа уста си ги слушаш.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ти безобзирна сило што дивееш во височините што врзуваш облаци и одврзуваш јазли Порасни!
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Жените навистина стоеле пред големиот миг на надежта да ги врзат мажите за постела.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Жените тогаш се собирале пред куќата на мајка му, влегувале внатре и молчејќи ја жалеле; тоа станувало оние денови, кога ќе се расчуело дека го носат врзан. Било заради кражба.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Тоа излезе од проста причина што требаше некој настан да се врзе за некоја личност и јас ги зедов оние имиња што ми паднаа во моментот на памет.
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Коњот го врзале в пондила, а него и детулето ги однеле во гостинската одаја.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Избезумен со глава го удри в лице и во истиот миг му го откина од рака камшикот и му врза два нишани од уво до уво.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
151. Последниов истапи како противник на Турците со името Србин и со тоа Турците го врзаа со поимот Србин и Србија денешното кралство и неговите жители.
„За македонцките работи“
од Крсте Петков Мисирков
(1903)