вудвоса (св.)
Таа се вудвоса во половината, со онаа безочна понизност што ја има само кај бедниот и кралски отпадок, а со жолтото здолниште како да ја смете земјата.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
Како што лежеше вудвосан во дворот Бубичоски, запрета со нозете, како ѕвере кога е отруено, и остана така, скукален.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Јанче уште некое време остана вудвосан под Исусовото распетие, прикрепено на источниот ѕид, потоа, кога се исправи, уплашен и расплакан, во нивните очи побара согласност.
„Потковица на смртта и надежта“
од Миле Неделкоски
(1986)
Вудвосана, оди полека и, кога стигна на рудината од каде што се гпеда големата сина вода, малку си почина.
„Постела на чемерните“
од Петре Наковски
(1985)
И Ѕвездан ми отиде, велам, така увилена, вудвосана. 172
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)