вшмука (св.)
Прстот кој од забава понекогаш му го ставаше во устата а тој со сласт длабоко го вшмукуваше, еднаш велејќи дека има вкус на толчено морско оревче, друг пат на киви, сега му предизвика мачнина.
„Сонце во тегла“
од Илина Јакимовска
(2009)
Слизнаа дебелите фар мерки, застанав боса на плочките, вшмукувајќи ја студенината.
„Ниска латентна револуција“
од Фросина Наумовска
(2010)
Се држевме за малите прсти додека се опивавме од виното од кристалните чаши, последниот за заеднички подарок на нејзините разведени родители, додека ги разурнуваме, анализиравме и повторно, со итра победничка насмевка, ги градевме нашите вродени и здобиени емотивни комплекси додека гледавме како ѕвездата на новиот филм ја шмукува мекоста на остригата, додека ги одморавме телата, а во очите, низ единствениот прозорец на студиото, неосетно ни заспиваше жолтата градска есен.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Голите стомаци им плеснаа еден од друг, рацете се Маргина 35 111 дофатија, нејзиниот вагинален отвор го вшмука неговиот крут орган како сунѓер.
„МАРГИНА бр. 35“
(1997)