вљубен (прид.)
Испружени сме еден кон друг - јас на едниот ти на другиот брег на реката Чекајќи ги звуците на армониката се сторивме ѕуница на вљубените.
„Кревалка“
од Ристо Лазаров
(2011)
Времето заспива во звук на далечна светлост Вљубени, со жолти цветови во рацете Тагуваат вечна ноќ.
„Камена“
од Анте Поповски
(1972)
Сакам да го потсетам дека е вљубен и дека само вљубените се надарени да шлапаат боси по водите на илузиите, да негуваат во размислите градини од лажни претпоставки и да донесуваат произволни заклучоци.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
И никој не може да ги засака оние кои се вљубени во него, ниту да ги придобие оние кои го мразат.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Ѝ зборуваше за некоја имагинарна личност, лудо вљубена во некоја девојка, притоа ги набројуваше доживувањата на тој несфатен несреќник; отворено ја страдаше својата болка а заклучокот што го беше изрекол се чинеше фасцинантен: Требало секогаш да сочувствуваме со лудо вљубените.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Зошто сме толку вљубени во нашите галеничиња, што често постапуваме на начин кој е спротивен на нивната добродетел - на пример, облекувајќи ги кучињата и мачките?
„МАРГИНА бр. 34“
(1996)
Многу е рано наутро да се бакнуваат по автобуските постојки, ама под железничка има двојки кои се разделуваат пред пат, или се сретнуваат по одмори, па денов ми продолжи во слики на љубовни изливи и страсни прегратки, и, судејќи по тоа на колку вљубени им бев „позадина“, утрово има љубов во градов наш.
„И ѓаволот чита пРада“
од Рада Петрушева
(2013)
Црвено е виното на дното од чашата, црвена е бојата на розите во нашиот дом, црвени се бакнежите на вљубените.
„Жонглирање со животот во слободен пад“
од Сара Трајковска
(2012)
Меѓутоа, за вистината, тој беше поскромен човек, а над сето веќе смртно беше вљубен во својот позив и камбанчето.
„Големата вода“
од Живко Чинго
(1984)
Тогаш лутав по темнината на градската периферија и ги плашев припиените сенки на вљубените девојки.
„Кловнови и луѓе“
од Славко Јаневски
(1956)
Јас никому не сум му донел добро досега.“ Се заврте и појде со наведната глава, ја остави со солзи во очите и сигурен дека поаѓа на долга пловидба, иди, девојко, вљубените не се никогаш себични. Тие се само жртви.
„Месечар“
од Славко Јаневски
(1959)
Ако решиш да ме заборавиш еден ден... во мене нема да згасне огнот, сѐ додека постоиш ти, јас од бескрајот ќе се надевам, дека барем уште еднаш.... ќе го слушнеш крикот на една вљубена душа барем уште еднаш ќе бидеш само мој!!!!
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Вљубениот е безвреден предмет, секогаш во туѓ посед.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
40. НЕКА Е ЖЕНАТА И КОЗА, НО СО РОГОВИ ЗЛАТНИ та кога ќе те прободе и раната да ти е мила, крвта на таквиот вљубен како вулкан татни и од секој женин убод бликнува со нова сила...
„Куршуми низ времето“
од Љупчо Стојменски
(1976)
Беше вљубен во девојката Теменуга и, при тие епилептични напади, постојано ја молеше да му даде.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Мора да ѝ се случуваше нешто ужасно, ја тепаа или чувствуваше дека е болна и токму кога Нора ќе запееше нешто од Форе, а јас на пијано, загледана во толку среќниот Луис Марија, налактен на крајот што му правеше нешто како рамка околу него, тој загледан во мене, задоволен, со лик на кутренце, чека да ги чуе арпеџата, двајцата толку близу и толку вљубени.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
На ритките над балињата со неузреаните мечти на бездомниците катаден трае збратимувањето со височините од дворот на црквата на врвот Монсерат, 3200 над морето, ветрот разнесува отчукувања на срца – вљубени срца, уморни срца, секакви срца, тука, од врвот Монсерат во Богота севезден се разлетува исчашената и искршената симетрија на живеењето а во балињата на бездомниците трепери темнината на ѕвездите.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
И покрај совршената техника, новата верзија е неуверлива копија, редење сцени, виртуозност без опседанатост, без вљубениот ѓавол.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)
- Ти си вљубен, а во тоа нема ниту ронка самопочит!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Еден ден или една ноќ, вели Никифор, најубаво е да умреш додека си вљубен...
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)