гајле (ср.)
Седи со здравје и не бери гајле...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Касметлија... касметлија си, сестро. И не бери гајле. Ќе ја носиме чупата најлесно што ќе можеме...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
- Ич не му бери гајле, мајче...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Рекле така ќе биде и секој ако не му се свиде Може друга улога да избере на овој терен Што не значи дека друг гајле ќе му бере Ниту дека ќе остане до крај верен На својата кауза, ако си земе пауза.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“
од Марта Маркоска
(2009)
Во листата, меѓу другите, се најдоа и зборовите: арам, муфлуз, резил, тамаќар, башибозук, шашма, далавера, алашвериш, ќелепур-софра, џева, беља, гениш, курназ, маскара, едепсаз, марифет, сафра, рушфет, џамбаз, суртук, мамлаз, чалам, табиет, чаре, јаваш, ајде, таксират, тарапана, ујдурма, усул, чешит, џабе, џган, џумбус, батакчија, бадијала, зулум, налет, угурсуз, шерет, гајле, гајрет, грбал, душман, далавера, дереџе,зандана, зијан, ифрит, калауз, курбан, курназ, маскара, мамлаз, намќор....
„Тврдина од пепел“
од Луан Старова
(2002)
Така почнува секое летање со умот: си се замислуваш, на младини, како машиновозач на локомотивата која бревта ли, бревта надмоќно низ сибирските тајги и ич нема гајле дека може да се случи баш среде зима да снема јаглен и да се вкочани на отворена пруга како што капката се вкочанува на стреата и станува мразулец пред да капне на тротоарот.
„Ситночекорка“
од Ристо Лазаров
(2012)
Излез за итни случаи - научи веќе еднаш да не ти биде гајле!
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Новите лесноумни петпари не даваат За старите поговорки Тие секоја гунгула ја нарекуваат креативност Потем така наречената креативност уште и ја остваруваат И за секој непочнат сон отвораат нова страничка на интернет Ѓоа некому му е гајле што сонувале баш тие Па ќе тарашка по нивните непочнати соништа на интернет Јок џанам, многу бргу се разоткрија Распродавачите на селански соништа На градските плоштади
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Гајлето од куќата јас ќе го земам на глава.
„Парите се отепувачка“
од Ристо Крле
(1938)
- Не му бери гајле... така ми рече и командирот.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
И не бери гајле, пак јас ќе те однесам и ќе те донесам и пак човек ќе те сторам; арно беше сега да не го окршиш шишето, ама откога ќе се стори едно лошо, не се враќа лесно.
„Силјан штркот“
од Марко Цепенков
(1900)
Ти лично го имаш пребрано тоа гајле!
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
ПОПОТ: Гајле немај, Маријо. Важно е човек да оди во милоста божја. (Марија го собира колачот.)
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
19. Му верувам зошто да не му верувам на Чарлс Дарвин Дека ние коалите сме можеби најпознатата врста дембели Добро де и оние Црногорците на Балканот биле во мртва трка со нас За нив не сакам да си ја грешам душата Ама за нас коалите бев чула дека ако крстителите Немале пошироки погледи на светот И ако ги гледале само нашите навики Австралија можеле да ја наречат и Дембелија пу пу скраја да е Туф туф врста дембели А што сме мислители и сонувачи никому не му е гајле Кога секое суштество е дадено на многу мислење Нема многу време за работа Сега некој зајадлив ќе рече кој работи не мисли Или колку повеќе работиш толку помалку мислиш Други зајадливци ќе речат дека работата го создала човекот Не се сеќавам добро ама некој како да ми рече дека тоа е цитат од Маркс
„Сонот на коалата“
од Ристо Лазаров
(2009)
Потоа почна да пишува со брзи неуредни чкрабаници: „Тие ќе ме стрелаат не ми е гајле тие ќе ми пукаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат тие секогаш стрелаат во тилот не ми е гајле долу големиот брат...“
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Не ми е гајле кој е тој, или што ќе сторите со него.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Ако кажуваш, кажи нешто убаво или ништо не кажувај. Што му е некому гајле што тебе ти е страв од темно.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Сѐ додека јас ебам не ми е гајле кој ги држи за рака и кој им пее под пенџер на тие кои ги ебам.
„Одбрани драми“
од Горан Стефановски
(2008)
Млади парови – насмеани и гласовити, прегрнати во од си делат бакнежи и никој не им обрнува внимание и воопшто не им е гајле што и како мислат другите.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
- Не бери гајле! - ѝ одговори Горјан.
„Волшебното самарче“
од Ванчо Николески
(1967)