глобален прид.

глобален (прид.)

И станувам усвитен камен Метеор желен за Мајката Земја Со благ допир Го отворам просторот За глобално затоплување Во собата полна со гости Од жарот пишти змија
„Забранета книга“ од Веле Смилевски (2011)
Се бореше да ја поддржи глобалната програма на сметката на своите чеда.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
При толку многу нова светлина клепката ми се отвора како златниот капак на џебниот часовник и не може да ѝ се изначуди на глобалната празнина на хоризонтот во која ласерските зраци се мачат да заиграат чочек.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Обично глобалните системи на моќ ги интегрираат бебињата со неочекувана грижа.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Високите кругови на глобализацијата се карактеризираат со мобилност на висококвалификувана работна сила, дигитална размена и децентрализација на производството; во исто време, протокот на глобалниот капитал бара инфраструктурата да биде централизирана во глобалните градови со голема популација на нискоквалификувани работници кои се потребни за опслужување на инфраструктурата.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Според мојата теорија, најголемиот виновник е повторно ебаниот капитализам кој алиенацијата кај луѓето ја заменува преку глобалната белосветска мрежа.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Има многу битки кои не се завршени во минатите времиња поради погрешните глобални и стратегиски проценки на султанската монархија.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Глобалните сообраќајни мрежи ги преместија точките на влез од границите на места подлабоко во државата (меѓународни аеродроми), на тој начин правејќи го националниот простор поранлив и зголемувајќи ја потребата за внатрешни безбедносни мерки (аеродромска безбедност и надзор во трговските центри).
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
На партиските стратези на развојот во градот им стануваше сѐ појасно дека козарите неповратно се оддалечуваат од глобалната директива наложена од федералниот центар – по секоја цена во првата петолетка на развојот да станат дел на работничката класа. ***
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Самоуверениот и згоден менаџер на проектот го заврши своето излагање, спомнувајќи ги глобалното село и неизбежниот процес на демократизација, следеше вообичаеното ракоплескање, потоа се појавија келнерите со послужавниците и слично.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Меѓудржавните граници не се само средиште на националниот идентитет, туку и на меѓународниот систем (политички и економски) и на глобалниот режим за мобилност.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Со ширењето на информациите - било да се работи за корпорациски планови или строго доверливи владини операции - тие веруваат дека можат да го спроведат овој нов техноестаблишмент почнувајќи со бенигни социо-политички чувари способни за запирање на глобални операции, до анархисти кои се одмаздуваат поради масовната алчност со пустошење во компјутерските системи - или електронски терористи, подготвени, желни и способни да се осигураат од непријателите со едноставно блокирање на системот.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Тоа не значи дека сите етноси во Македонија треба да се денационализираат за да се створи некаков наднационален граѓанин кој подоцна би бил дизајниран според потребите на глобалните политички интереси.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Токму стилот на пристојност од педесетите се здоби со форма на глобален граѓански стил, кој ќе се задржи сѐ до денес, кога е карактеристичен за динамичните јапии, успешните млади деловни луѓе.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Проблемот и хаосот во македонската култура не може да се реши со глобални концепти, концесии или консолидации.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Татко ми во своите глобални размисли за козјото прашање беше начисто оти режимот има повеќе варијанти како да им се стави крај на козите во секоја република на Југославија одделно, во зависност од нејзината развиеност и од менталитетот на луѓето.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Новосоздадените држави можеме и да ги акцептираме како обид за политичко, културно и цивилизациско центрирање и како увертира за една целисходна и експлицитна еманципација на локалното (специфичното) со универзалното (глобалните системи).
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
12. Некој го украл патоказот на влезот на селото, ама затоа во него на едно вртење десно има самоделски знак „Гулабова маала“ Кради глобално, делувај локално.
„Најважната игра“ од Илина Јакимовска (2013)
Со рекламирањето слабоста на бебето станува евидентна и неможна за игнорирање, а секое неделување во правец на задоволување на потребите на бебето води во етички конфликт и срам за глобалната заедница.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Исто така, тој сметал дека „Балканот мора да ја сфати глобалната смисла на оваа војна, а тоа е дека ние мораме да создадеме слободен свет во кооперација со трите големи сили во слободниот свет – Русија, Велика Британија и САД.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Повеќе