глувче (ср.)

Глувченцето залазе исплашено по клупата, задушка ѓаволесто со носето по трошките и се обиде да рипне преку работ на клупата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Првин се појави едно мало глувче и ја претрча собата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Секојдневно тој доаѓаше во домот и со своето како глувче подвижно коњче на малечка двоколка ни носеше леб.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Појдовме кон градот задоволувајќи се со мали пакости: на кепецот костенџија му ја изгаснавме карбитената ламба, во отворениот прозорец на писарот и бабицата фрливме мртво глувче, на еден поп му рековме баксуз.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Се слуша само некое цивкање на глувче.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Лежеше со набрекнати жили и беше нем; усните безгласно му мрдаа и натекуваа како под нив да играа глувчиња.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Како глувче во фак. Лежам и како насон, кога некој ме брка, не можам да бегам; се мачам и го чувствувам чукањето на срцето дури и во коските.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Гледајќи ја таа слика, дури и ние глувчињата ги поткревавме опавчињата.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Едно утро кога отидов да го посетам му залепив три цветчиња на зидот и му подарив мало глувче.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Не смеам, срцево ми се тресе како глувче во фак.
„Чорбаџи Теодос“ од Васил Иљоски (1937)
Кога виде дека сенката го моли, Карамба-Барамба навреме се тргна а и јас со него, Слонот, исплашен од едно полско глувче што се обиде да му се завлече во сурлата, потрча покрај нас и кршејќи се на својот пат се изгуби во длабочината на бескрајната џунгла.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Повторно е девојче со модри очи и муцка на глувче, единствена во маалото што се осмелуваше да се втурне во машката вечерна зона – скалите од влезот на продавницата за електрични апарати.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Така задуман, или одвеан, еден ден забележав како претрча или прелета од едното во другото ќоше на одајчето, од едниот во другиот агол на окото, мало, црно глувче.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
И бабари не поминаа. Немаше ни кој да го разгази снегот, ни зошто да го разгазува. Остана само ״фати глувче за опавче, фрли го во јазон и кани му од газон“ .
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Во собата продираа најразлични звуци: од тоалетот наутро се слушаше гргорењето на неговото порцеланско грло, од покривот лекото роморење на дождовните капки, од таванот итрото глувче што трча меѓу тајните прегради, а од под скалилата појот на канарката во нејзиниот кафез.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Глувчето не е никаков симбол; такво нешто што е опишано, тоа претставува само глувче; па сепак, и такво, покажува дека најопштата човечка потреба е да не биде сам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Коле и другите од задната клупа ги издолжуваа вратовите обидувајќи се што подобро да го видат глувчето.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Сѐ беше така подредено кај тоа старче, што Змејко можеше зад секој негов гест да ја насети онаа негова чкулава рачичка како влече полека, како глувче, кон себе, кон себе.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Му беше смешно - говорам за глувчиња како за жолти и ситни птици. „Не“, му рече. „Јас не смеев ни олку да се задржам.“ Се обиде да ѝ ја префрли раката преку половина.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И, да - и мало глувче среќа дели, во кутија за кондури.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Повеќе