глума (ж.)
Куќата беше на местото на театаров. Оттаму мојата склоност кон глумата.
„Слово за змијата“
од Александар Прокопиев
(1992)
Сѐ би било фино и глатко, да овој човек освен со „тешки” зборови и патетична глума, не се дрзнал да се „ослободи” од својот проблем така што ќе ја прска публиката со својата заразена врела крв.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Титан трча со црвена торбичка в рака како слуга на една разуздана поза, маска и глума. Развратна.
„Портокалова“
од Оливера Доцевска
(2013)
Не е кошмар, не е глума, ниту пак сага на самракот мој.
„Илузија за сон“
од Оливера Доцевска
(2013)
Таквото однесување, па еве да ја кажам вистината, и глума, мислеше дека го ослободува од оние ежедневни обврски.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Го замолив да ги викне мајка му и татко му, можеби сето беше само глума.
„Знаеш ли да љубиш“
од Ивана Иванова Канго
(2013)
Развојот на сижето условуваше и развој на глумата.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Не треба да нѐ изненадува тоа што Фаерабенд покрај наука студирал и глума и пеење додека растел во Виена.
„МАРГИНА бр. 4-5“
(1994)
Глума Немарлив кон останатите елементи на режијата, кои или ги занемарувал или ги редуцирал до апсурд, Ворхол, слично на класичното сфаќање, најголемо внимание ѝ посветувал на работата со актерите.
„МАРГИНА бр. 15-16“
(1995)
Каква глума, кога опасноста беше внатре, само триесетина секунди по затворањето. Бевме наполно сами!
„Човекот со четири часовници“
од Александар Прокопиев
(2003)