гои (несв.)
Децата сакаат, а и крмнакот убаво се гои од нив, ами што се гнасни пустињите!
„Крпен живот“
од Стале Попов
(1953)
Раните од куршум, од нож, од кама, се гојат, ама раните од болка и од тага и од чемер не се гојат.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А нам ни ја пресекоја радоста и ни отворија рана, болна, сечена, тешка, отворена рана... рана на срцето и рана на душата, рана што не се гои, и при секое спомнување на рожбата боли, се отвора, се обновува и крвари, гори и пече.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
А таа влече со себе подароци што ќе гои има за луѓето секогаш и подоцна, кога по неа ќе дојде друга: Патила, чинови стрелања и бесења, пијанство од слава и мамурлук на пораз.
„Забранета одаја“
од Славко Јаневски
(1988)
На пасиштето големо осумдесет акри, понито со Дантеовска муцка се гоеше, речиси со насмевка.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)