господари несв.

господари (несв.)

Ослободен во набожната покорност да господари и да ги држи дизгините на туѓите судбини, не можел да сфати зошто се буни крвта на неговиот имењак.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но сепак, и над тревките и над каменот господарела пролет во која сиромаштијата ги фрлала од себе парталите и сиџимите со кои се врзувала околу половината да ги задржи врз карличните коски беневреците; се ослободувале од болвливи минтани и се свртувале разграштени кон усвитеното сончево око.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Носејќи ја сета бучава на својата крв в глава, сличен на подвижна карпа над која господари моќ на несопирлива вода, гледал само пред себе и сепак со секој чекор чиниш барал и каменот да му се истави од пат.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од неговата прикаска исто така можеше ноќе вжештено да се размислува за светците и грешниците на минатото и за темните вртежи околу нив, за времето во кое, повеќе од кога и да било, смртта и стравот од смртта господареле и над билје и над луѓе.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Од училиштето до овој привлечен свет на книгите, наеднаш тука, во дуќанчето полно со мрачнина во која господари незадоволството на татко му.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Нашиот безгласен разговор гардистите на Мортенија не можеа да го слушнат. Со своите весла господареа над реката.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
За возврат, или како награда, на Поетот целосно му припаѓа привилегијата да располага и да господари со својот свет на соништата.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Под нежната опна, непропустливата мембрана што го поништува надворешниот свет, обликот господари со своето траење.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
И по правило нив ги поистоветувам (не според изгледот туку според нивниот ангажман) со безбројните безрбетници, мекоглавци и инсекти: тие секогаш се присутни таму каде што господарат мршите на исчезнувањето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сеедно - господарел: неговиот свет, оној до кој му допирала мислата имал свој поредок и свое безредие што тој го создал, и никој веќе не смеел да најавува свои закони и да бара правдина поинаква од онаа под чија сенка живеел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Употребата на чистата воена сила, кастрирана од својот прв идентитет, односно јаничаризмот, кој најсилни облици доби при големите завојувачки походи и најголемиот подем на Отоманската империја, имаше своја автохтона провиниенција во претходните империи кои господареа со Балканскиот Полуостров.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Веќе е строен, црнокос момчак со вдлабнати, темни очи во кој снегот се топи, со лик и срце од претците, поглаварскиот народ што господареше со моќни градови од камен и иловица, во чиј центар се издигаа гигантски скалести пирамиди - храмови (одолу обете раце на малите свештенички, складни како фигуринки од фајанс, змиите се обвиткуваа со мирна предаденост).
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Историско-културните услови секогаш господареа во создавањето на литературни јазици, господарат тие и сега.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Визиите не господареле над него и над неговиот сит, безгрижен, тромав живот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Казна или благослов, Божја волја била, живот да му подари, сите поклон да му чинат, со светот да господари.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
И да господари во срцата ваши мир божји за кој сте повикани со благодарност да се покорите.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И оној тогаш водел ајдамаци со калпаци од мечкина кожа, ги качувал и ги спуштал по ќорави беспатици и ги избегнувал населбите, ги избегнувал и местата на кои кесарови копја и стрели господареле над животот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Да се направи избор на текстови од феминистичка философија е неблагодарна работа, посебно кога си припадник на „луѓето со незначително поголеми мускули“, сега веќе толку извикани од „луѓето со незначително помали мускули“, барем кога се работи за две и пол илјади годишното машко господарење со филозофијата.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Сега сум им роб. Тие господарат со мене. Тие или чинките на Мортенија.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Над него господарело нешто посилно од разумот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Повеќе