гостољубие (ср.)
Денот осамнува сам
како секој искусен љубовџија
- божем ништо а сѐ се случило
едновремено
во самоти нив одекнува полниот спарен говор
на неговиот
и на нејзината домаќинка
гостољубието.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)