гранка (ж.)
Кога се смири малку пукањето, кога се уталожи, што ќе видиме: озгора нѐ напокриле лисја и гранчиња што ги кинеле куршумите. Од крај в крај.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Тивко ветре завеваше, свирејќи низ голите гранки... откинувајќи ситни праменчиња мов од стеблата на буките...
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Да го разораме каменов и место плод неправдина да посадиме да врзе длабок корен и густи гранки да нададе
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
И кога грееше и кога вееше Тој гол влегуваше во планината, ги ширеше рацете како гранки и веруваше дека еден ден сосема ќе се поистовети со стеблата, ќе потреперува и ќе размислува како нив.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Му ја стави в уста, а тој влече и гледа во високото небо кое во партали синее меѓу врвовите на буките, часкум губејќи се над густежот на гранките.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Од гранката на старата слива се обидував да гледам кон спротивната страна на селото, каде што беше куќата на неговиот дедо и да го здогледам него како игра во неговото маало со другите деца.
„Животот од една слива“
од Зорица Ѓеорѓиевска
(2014)
Падна една зима како мртов месец капна една зима како заклан страв Врвот од забите песни не изостри за голите гранки на погледот но пролетта ја наслути и ронливиот мак на тенката усна на детето на устата барање устата глад Капна таа зима како згазен страв Капна една зима како згасен месец
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Во оваа ноќ низ згрчените прсти на гранките нема да се слеваат лепливи шурки на месечината.
„Две Марии“
од Славко Јаневски
(1956)
Зошто по тебе дрвјата и на дрвјата гранките и на гранките лисјата шумолат скришно таговно?
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Ја засеков гранката, се заниша таа и од тежината на моето тело почна да се ведне.
„Добри мои, добар ден“
од Глигор Поповски
(1983)
Ми се стори дека некоја сенка се префрла од едно место на друго кај задниот агол од куќата, но можно е да беше тоа сенка од гранка на вишната.
„Братот“
од Димитар Башевски
(2007)
Матната влече лисје, гранки и трупци, тркала камење, во суводолиците матно и лудо клокоти дождовницата.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Ти ги љубам градите кротки на кои лежи студена жолтата каверна на ноќта да ти ги покренам двете гранки безлисни Слези подлабоко од тревите под нас е сѐ жолто Се нуркаме во заедничките длабочини по смислата на оваа долга ноќ што нѐ соединува во нашата брза љубов Што сме ние двајцата што крадеме од тишината кога молчат сите прозорци жолти Дали да се вратиме во нив како сомнамбули со парче смисла во очите Или да се препуштиме затворени во ова длабоко нуркање сред ноќта што нѐ открива со една утеха за сите мртви шумови што молчат од прозорците над тревите жолти
„Дождови“
од Матеја Матевски
(1956)
Се качил на едно дрво и се завиткал во капицата сено меѓу гранките.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Ветерчето тажно зашумоли низ гранките Паднаа првите капки од дождот, по моите нежни образи.
„Поетски блесок“
од Олга Наумовска
(2013)
Како оние изненадувачки први цветови во руменото пролетно утро на гранките во дворот.
„Желките од рајската градина“
од Србо Ивановски
(2010)
Жена му од кметот пафта со скршена гранка по лицето и се лади.
„Животраг“
од Јован Стрезовски
(1995)
А мајката прва се спушти и лесно го крена како од фиданка гранка.
„Сердарот“
од Григор Прличев
(1860)
По девет месеци лицето ѝ пожолте како лист пред сронување од својата гранка.
„Авантурите на Дедо Мраз“
од Ристо Давчевски
(1997)
На едно дрво се ниша сува гранка од едно уплашено врапче што стои како шикла и не знае кон кај да летне, кај да избега.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)