гризе (несв.)
И копа, длаби, гризе копнежот...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се обидував да си ја дофатам опашката и да ја гризам, но не можев да ја дофатам зашто, за жал, немав опашка, ми ја скратиле славната еволуција и оние, таканаречени, културни придобивки.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Цел живот залудно се обидував да сфатам во што битно е осмислен животот, каде е и што е тој, и дури откако докрајчи патот ја осознав таа вистина дека тој е тука, точно во овие коски, кои гризејќи се сами себеси - го изгризаа и него.
„Две тишини“
од Анте Поповски
(2003)
Јаболкчињата сестра ми со мака ги гризеше. Но ги бараше.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Неспокојство ме гризеше сѐ додека не ве видов ...
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Како и секогаш нафрла храна во јаслите, го срина малку ѓубрето кај говедата, им посла сува слама, па чекајќи така добитокот да му се порадува на убавото зимско сонце, да се надише свежина гризеше јаболко и пребаруваше низ мутвите на кошарата, низ сеното и сламата во плевната, низ сомнителните места во ѕидовите.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Полето црвено во образите го гризе последното парче од сончевата лубеница.
„Зошто мене ваков џигер“
од Јовица Ивановски
(1994)
Напуштена е и ја гризе забот на времето и нема никаков белег дека во нејзината внатрешност некогаш се враќаше животот.
„На пат со времето“
од Петре Наковски
(2010)
Ја бакнував диво по вратот, ја гризев; таа молеше да престанам, да не ја повредувам; ѝ ја зграпчив кошулата и ја повлеков; сите копчиња се разлетаа во темнината и потем, во наредните два-три мига го слушав продолжениот звук на нивното удирање на кејот, како ситен дожд од ориз; на слабата ноќна светлина блеснаа нејзините млади гради, како кај кучка; почнав да ја гризам по целото тело, и одеднаш се најдов со устата врз нејзиниот папок; таа ме удираше со тупаници по главата, велеше дека сѐ е готово после ова, дека сум уништил сѐ, дека сум свиња, дека ќе ме пријави, задолжително ќе ме пријави, дека ќе ме убие, дека Партијата ќе ме убие кога ќе им соопшти, но мене веќе за ништо не ми беше грижа, и јас само го бакнував нејзиниот папок, таа рајска чаша со небесен нектар, тој центар на вселената и почнав да тонам длабоко, да пропаѓам во непознати длабочини;
„Папокот на светот“
од Венко Андоновски
(2000)
Еден треба, мора да гризе земја или да биде осакатен, зашто пушката не само убива, туку и осакатува.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Кутриот Коле! Го затегам челово и ги гризам усниве.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Но студот лиотски гризе по коските и иглесто дупи со подноктица во нозете и рацете.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Добро е додека нѐ гризе црвот на сомнежот.
„Зборот во тесен чевел“
од Вероника Костадинова
(2012)
Очите ми се обвиени во црно, а усните зацрвенети од копнеж по тебе, љубовта ми тече брзо низ вените и како отров ме гризе одвнатре, ме боли.
„Разминувања“
од Виолета Петровска Периќ
(2013)
Но тој молчи. Го гризе лепчето и гледа во луѓето околу себе.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Негде во длабините на својата душа тој можеше и да се гризе заради тоа, но тука не можеше да се стори ништо за да биде поинаку.
„Белата долина“
од Симон Дракул
(1962)
Шушка коприната
на незаборавот
глода свеста
гризе совеста
јаде жолчката
копнее желбата
се топи, се впива
во лебецот на јазикот
а јазикот е совршен акробат
во несовршениот циркус
на историјата
чијашто кожа е дребна
бродерија
скапоцен марифет
народот е и врач, и враг
Боже благи.
„Ерато“
од Катица Ќулавкова
(2008)
Елеазар бен Цви ги гледа тие слики на уште една жртва на предците, ги гризе сувите усни и ниша со главата опфатен со ужас додека во затемнетиот коридор на авионот се слуша длабоко дишење на патниците, а над Атлантикот владее длабока ноќ.
„Светилка за Ханука“
од Томислав Османли
(2008)
Бузо вриеше од јад. Ги гризеше усните и, како кип, скаменето гледаше во оние што минуваа крај него.
„Дружината Братско стебло“
од Јован Стрезовски
(1967)
Не помагало, Проказниците се споулавеле. Најпрвин гризале дрвја и камен, потоа ги извлекле од кании сабјите на пашите и си ги испоклале жените и децата ...
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)