грутка (ж.)
Но глеј беља: штом се допре до креденецот - стана златен, штом го фати ножот - стана златен, место убавиот мек лебец - во раката држеше голема грутка злато...
„Билјана“
од Глигор Поповски
(1972)
Расте, се згустува мрачнината со секој изречен збор, со секоја издишана издишка и во неа го чувствувам виежот на болката и осамата и стегањето на чемерот насобран ко грутка и тврд како кремен, чинам, го чувствувам во мојата сурова дланка...
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
На оваа нива грутка од тебе ќе посеам класатка да никне со неа внучињата да ни ги храниш.
„Вардар“
од Анте Поповски
(1958)
Со бегол поглед во ситото забележа дека меѓу прстите држи една крупна грутка која не се просеа.
„Последната алка“
од Стојан Арсиќ
(2013)
Тажно е и да се погледне о Родна грутко додека те разнесуваат по полето заскитани светулки.
„Посегање по чудесното“
од Србо Ивановски
(2008)
Ни дадоа по една грутка момирок и по два ножа и ни покажуваат што треба да се прави, како да се работи.
„Небеска Тимјановна“
од Петре М. Андреевски
(1988)
Не виде каде падна грутката, но знаеше дека го префрли поточето.
„Бојан“
од Глигор Поповски
(1973)
Ама само што удривме по неколку мотики, само што скршивме по некоја грутка и од небото почнаа да паѓаат пилиштата.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
А таа се движела чудно згрбавена над леите во кои ќе сади арпаџик или лук и, иситнувајќи ги секаквите грутки ѓубре со прсти како со грибло, ја риела земјата.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Еднаш откорнати од родната грутка како да не беше битно каде нѐ води ова вовче на судбината, на која станица ќе запре, кој ќе биде последниот свртничар: дали богот на случајноста, кој најмногу влијаеше во неизвесното одвивање на судбината на нашето семејство или некоја друга сила?
„Атеистички музеј“
од Луан Старова
(1997)
Секој крив и куц што врви застанува и чукнува на џамот, или фрла грутка земја или мало камче, или го издолжува вратот и ни гледа во тавата со храна и во шишето ракија, ако имаме.
„Бунар“
од Димитар Башевски
(2001)
Прва година помина грутка в срцето ѝ легна, втора година намина болест ја в гради искина.
„Бели мугри“
од Кочо Рацин
(1939)
Во првиот миг сакаше да се врати, ама се поколеба во намерата, забради црна шамија и со срцето стегнато во грутка, појде дома со наведната глава.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Грнчарот ја подврза косата и горниот крај ѝ го залепи на една грутка влажна глина. Речиси ја посади во глината.
„Црни овци“
од Катица Ќулавкова
(2012)
А и бричот изабен, како брана по грутки ти скока по лицето. И купчиња брада ти остава нефатено.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Ќе појдам, ќе му помогнам да го најде светото грутче во кожа. Гревота е да пека по патов.
„Тврдоглави“
од Славко Јаневски
(1990)
Ѝ се всади еден постојан стреж што ѝ се собираше како грутка во градите, стреж од некоја неизвесност.
„Продавница за љубопитните“
од Мето Јовановски
(2003)
И ќе се сопка на грутки, на длапки, ќе паѓа и ќе станува, дури не му се испразни душата в уста.
„Пиреј“
од Петре М. Андреевски
(1983)
Го рече тоа со подбив, со мирен глас, како да станува збор за грутка снег што одамна се има растопено а во нејзината дланка останала само лигавата навлажнетост.
„Летот на Загорка Пеперутката“
од Србо Ивановски
(2005)
Во душникот застануваат рабести грутки и не му даваат да дише.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)