грчовит (прид.)
Неговата сува ковчеста рака махинално ја фати и грчевито ја стегна дршката од скепарот.
„Бојана и прстенот“
од Иван Точко
(1959)
Врисок и плач на жени и дечиња кои грчевито се држат за мајкините поли.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Се подигна грчевито држејќи се за наслонот, како да ќе му побегне столот.
„МАРГИНА бр. 6-7“
(1994)
Таа го граба јорганот од неговиот кревет и брзо излегува со него, грчевито стегајќи го како да гушка нешто мило, го носи во својата соба и таму паѓа со него на кревет, и плаче, плаче.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Винстон направи уште едно грчовито движење. Овој пат ништо не рече.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Диктатура на потсвеста, која е фатена таму каде што ни самата, можеби, да ја потпрашал некаков филозоф- планинар, не би признала дека сака да биде, за таква, крута и грчовита, историски да се претставува како некаков, не дај боже, сатрап.
„МАРГИНА бр. 36“
(1997)
Грчевито ја собирам ногата. Но веќе е доцна и дури неумесно.
„Послание“
од Блаже Конески
(2008)
Намуртено и магливо е лицето на Зоја; само левиот образ и потреперува грчевито.
„Големата удолница“
од Петре Наковски
(2014)
Под масата, стапалата на Винстон грчовито мрдаа.
„1984“
од Џорџ Орвел
(1998)
Арсо задишено стои пред него и му го допира пругастиот ракав од пижамата, и чувствува како му се движат усните, бргу и грчевито, и не е во состојба да разбере дали ги слуша сопствените зборови или сето тоа станува само во неговите мисли.
„Пустина“
од Ѓорѓи Абаџиев
(1961)